Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МНР со детали за сообраќајката во Србија, во која загина македонска државјанка
Магазин

МНР со детали за сообраќајката во Србија, во која загина македонска државјанка

19/07/2024

AA

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија потврди дека во сообраќајна несреќа вчера во попладневните часови во близина на населеното место Палојце животот го загубило едно лице, додека три лица се повредени.

МНР соопшти дека преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е информирано дека лицето кое го загубило животот е државјанин на Република Северна Македонија, додека повредените лица се државјани на Република Словенија.

-Амбасадата во Белград е во постојана комуникација со надлежните служби на Република Србија и за сите дополнителни информации јавноста ќе биде навремено информирана, наведуваат од МНР.

Претходно денеска дописникот на МИА од Белград јави дека во тешка сообраќајна несреќа кај Лесковац, на влезот во Грделичка клисура загина македонска државјанка, а четворица се повредени, меѓу кои две деца на возраст од две и од четири години.

Несреќата, според српските медиуми, се случила кога возачот изгубил контрола над возилото и удрил во заштитната ограда, која потоа поминала низ возилото. Во несреќата загинала сопругата на возачот, која се наоѓала на совозачкото седиште, а покрај него, повредени се и нивните две деца и една постара жена.

Станува збор за семејство од Северна Македонија кое се враќало од одмор во Словенија, кое има и словенечко државјанство.

-Жената беше сопатничка. Превезовме две деца, од кои едното има тешки повреди. Повреди има и возачот, сопругот на починатата, но се чини дека се полесни, иако не можеме ништо со сигурност да кажеме додека не заврши снимањето, кажа очевидец за весникот Ало.

Една екипа од Итна помош од Здравствен дом Лесковац и друга екипа од Лесковачката болница во рекордно време пристигнале на местото и им укажале помош на повредените. Таму била и екипа на Итна помош од Здравствениот дом од Грделица, а едно од децата со полициски автомобил е пренесено во болница.

Според лекарите од Ургентниот центар во Лесковачката болница зад воланот бил И.А. (28), кој, за среќа, не е повреден, освен што е во состојба на шок и збунетост.

-Едното дете е на дијагностика, се сомневаме на фрактура на бутната коска, другото, за среќа, остана неповредено, изјавија лекарите од Лесковачката болница.

Истрагата се уште е во тек.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БРВЕНИЦА ЗАСЛУЖУВА ПРОЕКТИ, А НЕ ПОДЕЛБИ Манасиевски порача дека продолжува

01/11/2026
Македонија

ДИК ГИ ОБЈАВИ КОНЕЧНИТЕ БРОЈКИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Јахији

01/11/2026
Македонија

САМИ ПРОТИВ СИТЕ Мицкоски им порача на жителите на Брвеница

01/11/2026
Македонија

Мицкоски по поразот во Брвеница: „Ние со програма, тие со

01/11/2026
Македонија

КОВАЧКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ЈАХИЈ ЗА ПОБЕДАТА ВО БРВЕНИЦА Од

01/11/2026
Македонија

КАНДИДАТОТ НА ДУИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА СО РАЗЛИКА ОД 201

01/11/2026
Македонија

ВРЕДИ ОДИГРА УЛОГА НА ТРОЈАНСКИ КОЊ ВО БРВЕНИЦА Стојаноска оцени

01/11/2026
Македонија

МАЖОТ ГО ЗАДУШИЛЕ СО ПЕРНИЦА, ЖЕНАТА ПОЧИНАЛА ОД СИЛНИТЕ УДАРИ

01/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46495
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БРВЕНИЦА ЗАСЛУЖУВА ПРОЕКТИ, А НЕ ПОДЕЛБИ Манасиевски порача дека продолжува поддршката од Владата за општината

01/11/2026

ВМРО-ДПМНЕ им се заблагодари на жителите на општина Брвеница кои го дале својот глас за кандидат Стојанчо Радичевски, кој загуби

ДИК ГИ ОБЈАВИ КОНЕЧНИТЕ БРОЈКИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Јахији освоил 4.442 гласови, а Радичевски

01/11/2026

Кандидатот на Националната алијанса за интеграција, Аркин Јахији, предводена од ДУИ, е победник на предвремените избори за градоначалник во Општина

САМИ ПРОТИВ СИТЕ Мицкоски им порача на жителите на Брвеница дека ќе ја имаат поддршката

01/11/2026

Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy