Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МНР: Американска поддршка за европската агенда на Северна Македонија
Македонија

МНР: Американска поддршка за европската агенда на Северна Македонија

20/09/2023

AA

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан, во рамки на 78-то заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации, во Њујорк.

Во центарот на разговорите беа актуелните политички случувања во земјава и регионот, како и потребата од забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, што претстсвува значајно безбедносно прашање.

Во тој контекст, Османи се заблагодари за континуираната и недвосмислена американска поддршка на нашиот пат кон ЕУ, како и за поддршката за спроведувањето на реформите во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

На средбата стана збор и за заложбите за зајакнување на билатералните односи и надградба на соработката во рамки на Стратешкиот дијалог.

“Активностите во рамки на стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД се одвиваат со предвидената динамика и веќе се видливи резултатите од нивната реализација. Билатералните односи се издигнати на повисоко ниво, стратешкото партнерство е зајакнато, а воедно нотиран е и напредок во домашната реформска агенда и демократскиот развој.”

Соговрниците ја реафирмираа поддршката за Украина во справувањето со предизвиците од руската воена агресија, притоа нагласувајќи го силното сојузништво во рамки на НАТО Алијансата. Воедно, беа поздравени нашите претседавања со ОБСЕ, САД – Јадранската Повелба и Процесот за соработка во Југоисточна Европа, што е показател за значајната улогата на Северна Македонија на меѓународната сцена, особено во контекст на глобалните безбедносни предизвици.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy