Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски до Груевски: Нема да дозволам лични договори, за Македонија не смее да има пазар и договори под маса
Македонија

Мицкоски до Груевски: Нема да дозволам лични договори, за Македонија не смее да има пазар и договори под маса

20/09/2023

AA

Жалам што се одлучи на чекорот да правиш јавна пародија и да служиш за дефокус од криминалот на оваа криминална власт и те разбирам, но не можам да те оправдам, му порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на поранешниот претседател на партијата и премиер Никола Груевски.

Нема потреба од дијалог преку медиуми, му вели Мицкоски, но бидејќи ми се обрати со статус само еднаш ќе ти одговорам на ист начин:

Никола, немам намера со јавни преписки да бидам дел од сценариото за создавање раздор во корист на оваа власт. Еден ден кога ќе се видиме очи во очи ќе ти кажам и детали ако си подготвен да ги чуеш. Нема да дозволам да се заборави што прави оваа криминална власт за да остане сè подолго креирајќи атмосфера каде се губи надежта на граѓаните за правда и за правдина. Ако ти сакаш раздор, тоа е твоја одлука на која јас сум подготвен да за спротивставам, бидејќи не станува збор за лична битка, туку битка за Македонија која сè повеќе тоне во криминал, каде се оди против волјата на граѓаните. А нас политичарите народот нè бира и ние одговораме пред народот за нашите постапки. За Македонија не смее да има пазар и договори под маса. Нема да дозволам лични договори и аранжмани за сметка на колективниот интерес.

Ова не е 2018та, ова е друго време.

Како велеше, „вистината е како шило, порано или подоцна ќе излезе“, а вистината ја знаеме и јас и ти…, но изгледа ја знаат и други кои ја кажуваат изминативе денови јавно, помалку или повеќе гласно и јасно.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44974
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку рудари

12/08/2026

Македонското рударство се соочува со парадокс: професијата станува сè подобро платена, но бројот на луѓето што работат во секторот значително

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy