КРАДЕЛЕ ВО АВТО-КАМП ВО ОХРИД, УКРАДЕНОТО ГО НАТОВАРИЛЕ НА МОТОРИ Полицијата уапси тројца охриѓани
Полицијата уапси тројца охриѓани кои краделе во авто-камп во Охрид.
„На 25.10.2026 година во 13:45 часот во близина на еден автокамп во Охрид полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Н.М.(18), П.Д.(30) и С.Д.(25), сите од Охрид. Тие се затекнати по извршена тешка кражба во кампот и како со два мопеди, за кои немале соодветни документи, вршат транспорт на одземените предмети“, сооппти полицијата.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, се додава во соопштението.
.
Извор: plusinfo.mk