
Многу силен земјотрес на Филипини; Издадено предупредување за итни случаи
Многу силен земјотрес ги погоди Филипините. Според податоците на EMSC, земјотресот бил со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала. Исто така, издадено е предупредување за цунами.
Земјотресот се случи во регионот Минданао, 63 километри јужно од градот Џенерал Сантос, каде живеат 679.000 луѓе.
На жителите на крајбрежните области им беше препорачано да се оддалечат од брегот и да се засолнат на повисоките места.
Сè уште не е прецизно утврдено на која длабочина се случил земјотресот, бидејќи информациите се ажурираат од минута во минута. Според првите извештаи, земјотресот бил на длабочина од 78 километри, но подоцна таа длабочина била променета на 70, додека на некои веб-страници пишува 10 километри.

