Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ОБИЧЕН ТРГОВСКИ: Отворен Diamond Mall – првиот вистински лајф-центар во регионот
Економија

МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ОБИЧЕН ТРГОВСКИ: Отворен Diamond Mall – првиот вистински лајф-центар во регионот

20/10/2023

AA

Жителите и посетителите
на македонскиот главен град од денеска добиваат нов, ултра-модерен објект во строгиот
центар на градот. Со својот уникатен концепт Diamond Mall е многу повеќе
од обичен трговски центар. Покрај место за шопинг, овој центар претендира да
биде новата атракција за забава и гастрономско уживање. Неговото отворање
креира и нови работни места и можности за развој на бизнисот.

Меѓу првите на кои им
припадна честа да зачекорат низ коридорите на новиот центар беше и македонскиот
премиер Димитар Ковачевски, придружуван од вицепремиерот Артан Груби,
министритеОливер Спасовски, Фатмир Бесими и Љупчо Николовски, како и од претставници
на Групацијата „Лимак“, амбасадори на неколку држави и други партнери и
истакнати личности.

„Уште од моментот кога
овој центар и целиот комплекс на кој му припаѓа беа само идеја, посакувавме тие да бидат новото обележје на Скопје со кое ќе се гордеат
жителите на овој град и место каде тие со задоволство ќе сакаат да
престојуваат. Diamond Mallе значаен дел од таа наша замисла. Затоа се трудевме да направиме објект
што ќе ги спои современите архитектонски стилови, природата исовремениот
животен стил на луѓето. Посакуваме Diamond Mall да биде новата
дестинација каде луѓето ќе уживаат во шопингот, но истовремено ќе се дружат и
забавуваат. Се радувам што ваквата замисла станува реалност“, истакна почесниот
претседател на Групацијата „Лимак“, Нихат Оздемир.

Diamond Mall е еден од главните делови на мултифункционалниот комплекс „Diamond of
Skopje“,
во чија изградба Групацијата „Лимак“ досега инвестираше над 350
милиони евра.Покрај Diamond Mall, комплексот го сочинуваат
и четири резиденцијални згради, деловни простории, луксузен хотел, како и
подземна сообраќајница.

Со својот уникатен концепт, Diamond
Mall 
припаѓа на сосема нова категорија објекти, наречени „Лајф-центри“.Првата
целинаод овој концепт ја сочинуваат 150 продавници со вкупна површина за закуп од
48.000m², кои на купувачите ќе им понудатголем избор напопуларни и атрактивни
брендови. Втората целина е „Зонатана соништата“ (Dream Zone)со површина од 7.000m²,која ќе понуди најразлични едукативни и забавни атракцииза деца и млади. Третата целина е „Гурманската Авенија“
(Gourmet
Avenue
), која на посетителите
ќе им овозможи да бидат дел од разновидни случувања од областа на културата и
уметноста, додека  уживаат во вкусовите
на локалната и интернационалната кујна, достапна во големиот број ресторани,
кафулиња и барови кои ја сочинуваат оваа Авенија.

Diamond Mall е изграден според најсовремените архитектонски трендови и градежни стандарди
кои овозможуваат највисок степен на удобност на посетителите и одлични работни
услови за вработените во центарот, како и висок степен на енергетска ефикасност
и заштита на животната средина. Дизајнот на целиот објект е компактен и овозможува
голема прегледност илесна навигацијана посетителите. Центарот располага со
голем број влезови кои овозможуваат лесна пристапност од било кој дел на
централното градско подрачје, независно далисе доаѓа со возило, со јавен превоз
или пешки. На располагање на посетителите на центарот се ставени и 2.900
паркинг места. 

Задоволството од отворањето на Diamond
Mall
ќе биде споделено и со посетителите кои од
денеска и во деновите од претстојниот викенд ќе можат да уживаат во богатата
забавна програма прилагодена за сите генерации.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Проблеми со апликацијата „Мој ДДВ“: Корисниците не можат да скенираат

13/06/2026
Македонија

Едно лице приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство

13/06/2026
Македонија

Приведени девет возачи за безобѕирно управување возило – сите возеле

13/06/2026
Македонија

Полициска акција на повеќе локации: Уапсени 12 лица поради дрога!

13/06/2026
Македонија

Приведени две лица од скопско – при преглед во возилото

13/06/2026
Македонија

Предлог притвор за 36-годишник: Со месеци силувал 12-годишно девојче во

13/06/2026
Македонија

Перински: Опозицијата го кочи Законот за локална самоуправа и референдумски

13/06/2026
Македонија

Перински: Автоматизираниот систем во општините ќе го намали просторот за

13/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43744
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Проблеми со апликацијата „Мој ДДВ“: Корисниците не можат да скенираат сметки!

13/06/2026

Граѓаните веќе трет ден се соочуваат со проблеми при користењето на апликацијата „Мој ДДВ“, која не е целосно функционална и

Едно лице приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие

13/06/2026

На 12.06.2026 во 20:30 часот во Тетово, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово го лишиле од

Приведени девет возачи за безобѕирно управување возило – сите возеле без возачка дозвола!

13/06/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи кои управувале возило

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy