Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Млади, податоци, заедница: Градење партнерства за промена
Македонија

Млади, податоци, заедница: Градење партнерства за промена

25/06/2025

AA

Со оценка 2 – едвај доволно, екосистемот за поддршка на социјалното претприемништво во Северна Македонија добива јасен сигнал: потребна е силна промена! Овој резултат укажува на општестевени недостатоци и ја потенцира неопходноста од засилена поддршка, координирана политика и активно вклучување на сите чинители од општеството.

На тркалезната маса ‘Млади. Податоци. Заедница: Градење партнерства за промена’,
организирана од Младински Сојуз – Крушево, која ќе се одржи на 26ти Јуни во Хотел
Панорамика, ќе бидат презентирани резултатите од ‘Барометарот за социјално
претприемништво’, направен според четири столба: Квалитет на живот, Човечки капитал, Системи за поддршка и Финансирање, и Пристап до капитал, опфаќајки ги клучните наоди од истражувањето, трендовите согласно соодветните индикатори, и мапираните предизвици.

Настанот ќе вклучи носители на одлуки и релевантни чинители – претставници на владини институции, социјални претприемачи, академската заедница, деловниот сектор и граѓанските организации – со цел заедничко дејствување за градење на резилиентен екосистем за поддршка на младинското вработување и самовработување преку новите форми на претприемништво, и поттикнување на соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор, граѓанското општество, и самите млади за унапредување на локалото економско учество на младите.

Тркалезната маса е централна активност на проектот “Барометар на социјалното
претприемништво” поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност преку Еразмус плус програмата.

Настанот е од затворен карактер, и притоа со овој допис го покануваме Вашиот медиум да го проследи целокупниот настан од 10:00 до 12:00 ч., или пак брифингот за медиуми кој ќе се одржи во 12:15 часот при што организаторите ќе ги споделат наодите и заклучоците од истражувањето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
Македонија

Полицијата приведе 21 возач: 14 без положен испит, четворица со

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме

09/09/2026
Македонија

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над

09/09/2026
Македонија

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026

За неполн месец, сопственикот на дискотеката „Пулс“ од Кочани, Дејан Јованов – Деко, ќе излезе од притвор и понатамошниот дел

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026

Средношколците нема да го изучуваат изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“, откако Министерството за образование и наука одлучи привремено да ја

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026

Иако во моментов нема пожари кои се оценуваат како алармантни, опасноста од нивно повторно разгорување и избувнување нови огнени жаришта

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy