
Млади лекари трет месец чекаат да бидат викнати на пракса за специјализација
Олга, Марко, Ивана, Симона се дел од стотината млади лекари по општа медицина кои чекаат да добијат можност да ги викнат на платена пракса, којашто е услов за запишување специјализација. Не сакаат да ја изгубат годината, сакаат од септември да почнат со специјализација.
Три месеци одат по институциите, побарале помош од министерот за здравство.
Дваесет и четиригодишните лекари велат, можеме да помогнеме во пунктовите за имунизација, во некоја од поликлиниките, напорно учевме за да бидеме дел од здравствениот систем.
Ако надлежните не им излезат во пресрет на овие млади лекари, тие ќе бидат дел од оние 430-те лекари кои земаат дипломи за странски јазик за да заминат во други држави. Според податоците од Синдикатот на Клинички центар, од 450 лекари кои годишно добиваат лиценци за работа од Kомората, само дваесетина не усовршуваат странски јазик.
Наташа Јанчиќ-Менковски
