Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мизрахи: Филипче денеска на прес-конференција побрза да се правда, но несмасно
Македонија

Мизрахи: Филипче денеска на прес-конференција побрза да се правда, но несмасно

27/01/2025

AA

Венко Филипче како поранешен министер за здравство во владата на СДС, а сега како претседател на СДС продолжи да тоне во калта уште подлабоко, изјави Рашела Мизрахи, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во нејзината реакција.

„Филипче денеска на прес-конференција побрза да се правда, но несмасно. Заглавен до гуша во скандалот Онкологија неговиот прес е безмалку бесрамен.

Филипче директно или индиректно во неговото неработење дозволи системски башибозук и непочитување на шеесетина законски одредби. Тоа се шеесетина дејствија спротивни на законите. Тоа се шеесетина дејствија со директно влијание по животите на пациентите.

Господине Филипче, се чини дека во паниката во која се наоѓате го заборавивте и се надевам дека го заборавивте, а не дека не го познавате Законот за здравствена заштита, па оттаму и вашата прес-конференција на која ме прозивате е во тотален хаос.

Господине Филипче, извештаите од институциите доставени до Министерството за здравство во периоди од 6 месеци се согласно член 110 од Законот за здравствена заштита и се доставуваат од директорот на установите. Стручните комисии господине Филипче ги формира министерот и немаат никаква врска со шестмесечните извештаи, инаку тие се согласно членот 226 б, ако ве интересира.

Да ве потсетам, господине Филипче дека согласно членот 295 надзор врз здравствените институции врши министерот и оттука следи неговата директна одговорност.

Да ве потсетам исто така господине Филипче дека за време на анкетната комисија вие некако на ништо не се сеќававте, затоа сакам директно да ве прашам: Дали единствената цел на вашата прес-конференција беше само срамно да се брани профитот на веледрогериите кои ги уценуваат здравствените институции со години. Тоа се истите оние веледрогерии кои преку уцените до здравствените институции ги крадат и во џеб на поединци ги ставаат парите на сите граѓани.

Господине Филипче треба час поскоро да признаете наместо да се давите во кал дека немало воспоставен систем, дека немало регистар, дека немало следливост на онколошката терапија, дека немало ништо освен системски башибозук.

Ако господинот Филипче не  сака да верува во фактите ние ќе го потсетиме дека тие оставија долг од 12 милиони евра на Клиниката за онкологија, како и по неколку онколошки кризи меѓу кои и онаа познатата од септември 2023 година.

Го информираме Филипче дека денес институциите ги адресираат и веќе работат на отстранување на недостатоците кои претходната влада на СДС и тој како министер во истата  ги оставија под зад себе.

Филипче мора да сфати дека ако тој како министер за здравство и претходната влада предводена од СДС мислеа барем малку на пациентите немаше да ја имаме состојбата што ја оставиле зад себе денес.

Господине Филипче бегање од одговорност нема да има!“ – вели Мизрахи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Почина 28 годишник откако се повредил при сеча на дрва

14/07/2026
Македонија

Уапсен Црногорец, на автопатот во гевгелиско со „бмв“ возел со

14/07/2026
Македонија

Условна казна затвор за екс-претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска

14/07/2026
Македонија

Денот Д за Изборниот законик?! Во игра се 4,2 милиони

14/07/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА ВО ДЕБАРСКО: Млад маж го загуби животот при сеча

14/07/2026
Македонија

Почина поранешниот пратеник и познат лекар д-р Васко Мицевски од

14/07/2026
Македонија

РАСВРЗКА ЗА „ТАЛИР 2“: Ослободителна пресуда за Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ

14/07/2026
Македонија

„Ја знаеме тишината што останува по заминувањето на најмилите“ –

14/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44379
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Почина 28 годишник откако се повредил при сеча на дрва во дебарско

14/07/2026

На 13.07.2026 во 14:20 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, М.Л.(28) од

Уапсен Црногорец, на автопатот во гевгелиско со „бмв“ возел со брзина од 205 километри на

14/07/2026

На 13.07.2026 во 11:09 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го

Условна казна затвор за екс-претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска

14/07/2026

Поранешната прва личност на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска беше прогласена за виновна во Основниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy