Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Митровден е! Светиот великомаченик Димитриј
Македонија

Митровден е! Светиот великомаченик Димитриј

08/11/2023

AA

Овој славен и чудотворен светител се роди во градот Солун, од благородни и благочестиви родители. Измолен од Бога од бездетни родители, Димитриј беше син единец, заради што беше воспитан и однегуван со големо внимание. Татко му беше војвода солунски, па кога умре, го поставија Димитриј за војвода наместо неговиот татко. Кога го постави за војвода, христоборниот цар Максимијан особено му препорача да ги гони и истребува христијаните што беа во Солун.

Но, Димитриј не само што не го послуша царот туку напротив, јавно Го исповедаше и Го проповедаше Христа во градот Солун. Кога слушна за тоа царот Максимијан многу се огорчи на него, па еднаш, враќајќи се од војна, царот сврати во Солун со намера да ја испита оваа работа. Го повика, значи, војводата Димитриј и го испитуваше за верата. Димитриј јавно пред царот призна дека е христијанин и го изобличи идолопоклонството на Максимијан. Разјарен, царот го фрли Димитриј во затвор. Знаејќи што го чека, Димитриј му го врачи сиот свој имот на својот верен ученик Луп за да го раздаде на сиромасите и отиде во затворот весел, зашто му претстоеше страдање за Господа. Во затворот му се јави ангел Божји и му рече: „Мир на тебе, страдалнику Христов. Биди храбар!“ По неколку дена, царот испрати војници во затворот за да го убијат Димитриј.

Војниците го најдоа Божјиот светител на молитва и го избодоа со копја. Неговото тело тајно го зедоа христијаните и чесно го погребаа. Од телото на Христовиот страдалник потече исцелително миро, од коешто мнозина болни се излечија. Наскоро, над моштите беше подигната малечка црква. Еден илирски војник, Леонтиј, беше болен од неизлечлива болест. Им притекна на моштите на свети Димитриј со молитва и стана наполно здрав.

Од благодарност му подигна на свети Димитриј црква многу поголема од старата. Светителот му се јави двапати. Кога царот Јулијан сакаше да ги пренесе моштите од Солун во Цариград, од гробот скокнаа пламени искри и се чу глас: „Застанете и не гибајте!“ И така моштите на свети Димитриј останаа засекогаш во Солун. Како заштитник на Солун, свети Димитриј се јавуваше многупати и многупати го спаси Солун од големи неволји. Неговите чуда се навистина безбројни. Русите го сметаат и за покровител на Сибир, којшто го освоија и го присоединија кон Русија во 1581 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
Македонија

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа

02/08/2026
Македонија

Разбојништво на плоштадот во Охрид: Со остар предмет нападнати тинејџери

02/08/2026
Македонија

Тошковски: Да ја чуваме слободата, да ја јакнеме државата и

02/08/2026
Македонија

Се скарале за паркинг во Охрид, па му вперил пиштол

02/08/2026
Македонија

Ахмети со честитка за Илинден: Слободата се гради врз еднаквост,

02/08/2026
Македонија

Утрово спасувачка акција кај манастирот Св. Илија во Струмица, мајка

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44811
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои двајца тешко

02/08/2026

На 01.08.2026 во 09:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Кичево- Охрид, кај клучката за кичевското

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026

На 01.08.2026 во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош Берово било пријавено дека кај нив било донесено

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа претепала вработена

02/08/2026

На 01.08.2026 во 10:45 часот во Охрид, од страна на полициски службеници од СВР Охрид  од слобода е лишен 48-годишен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy