Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Митрески на средба со Стефанчук: „Уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија кон Украина“
Македонија

Митрески на средба со Стефанчук: „Уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија кон Украина“

24/02/2024

AA

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Кијив по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња.

Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Митрески се осврна на бројните активности на Собранието на Република Северна Македонија за поддршка на Украина, односно усвојувањето на „Декларацијата за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“, поставувањето на изложбата: „Украина памети – светот препознава!“, посветена на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина, како и формирањето на Интерпартиската парламентарна група за Кримската платформа. Истовремено, тој ги поздрави напорите на пратениците од Врховната Рада на Украина, кои остануваат на браникот на одбраната на демократијата и продолжуваат да ги застапуваат интересите на своите гласачи.

„Се надевам дека во наредниот период ќе зборуваме за светлата иднина и можностите за унапредување на соработката меѓу нашите земји во полето на економијата, културната размена и туризмот“, нагласи Митрески.

Претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук, се заблагодари за доследната поддршка на Северна Македонија за Украина и за сите украински иницијативи, за нашето приклучување кон санкциите на Европската унија против Русија, како и за поддршката на „Формулата за мир“ предложена од претседателот на Украина. Тој нагласи дека народите на Украина и Северна Македонија се многу блиски, имаат слична историја и споделуваат заеднички цели за членство во ЕУ и НАТО.

Осврнувајќи се на руската воена агресија од големи размери на територијата на Украина, Стефанчук изрази надеж дека војната наскоро ќе заврши со праведен мир, со почитување на украинскиот суверенитет и територијален интегритет, а тоа е можно единствено доколку сите демократски земји се обединат во поддршката на земјата. „Историјата на нашите земји се пишува сега и тука“, оцени Стефанчук.

Претседателите на парламентите се осврнаа на евроинтегративните процеси, при што изразија уверување дека Северна Македонија и Украина треба што поскоро да станат членки на Европската унија, а задачата на парламентите е да ги спроведат сите неопходни законски измени на овој план.
Митрески и Стефанчук се согласија дека македонскиот и украинскиот парламент имаат активен политички дијалог и успешна соработка на ниво на претседатели и меѓупарламентарни групи за пријателство, нагласувајќи дека е важно во иднина да се зачува и зајакне овој тренд.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОБРАНИЕТО ЈА ОБЈАВИ ПРОГРАМАТА ЗА 2 АВГУСТ: Делегации во Крушево,

31/07/2026
Македонија

Премиерот Мицкоски не оди на одмор, ќе оди на екскурзија

31/07/2026
Македонија

Мицкоски за вратениот пасош на Маркоски: Има груба манипулација од

31/07/2026
Македонија

Стабилизација во Гостивар

31/07/2026
Македонија

Потврдени 13 случаи на Западнонилска треска во Македонија – тројца

31/07/2026
Македонија

Шведска ги олеснува процедурите за нови рудници, Македонија останува без

31/07/2026
Македонија

Какво ќе биде времето за продолжениот викенд?

31/07/2026
Македонија

Температурите до 40 степени носат ризик: АХВ со важни препораки

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44777
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОБРАНИЕТО ЈА ОБЈАВИ ПРОГРАМАТА ЗА 2 АВГУСТ: Делегации во Крушево, Пелинце и Скопје за Денот

31/07/2026

По повод одбележувањето на 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република, како и 82 години од Првото заседание на АСНОМ,

Премиерот Мицкоски не оди на одмор, ќе оди на екскурзија

31/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за време на денешната посета на Битола, изјави дека годинава нема да користи

Мицкоски за вратениот пасош на Маркоски: Има груба манипулација од јавен обвинител – ова лично

31/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски излезе со остри обвинувања и најави истрага за одлуката за враќање на пасошот на битолскиот бизнисмен Борче

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy