Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Митрески: Лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, гласаа против решавање на статусот на бранителите
Македонија

Митрески: Лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, гласаа против решавање на статусот на бранителите

17/02/2025

AA

Денеска се покажа уште едно лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. Пратениците и на ВМРО-ДПМНЕ и на ЗНАМ покажаа дека се против решавање на статусот на бранителите, изјави Јован Митрески, пратеник на СДСМ.

„Ако досега се криеја зад Африм Гаши, денеска го покажаа вистинското лице. Пратениците на ДПМНЕ и ЗНАМ гласаа против тоа, на дневен ред да биде ставена точка со која ќе се задолжи претседателот на Собранието, Африм Гаши, да закаже седница за да се реши статусот на бранителите.

Само пред неколку месеци, како тогашна опозиција, блокираа важни закони и го условуваа нивното донесување со Законот за бранители.

Еве ги сликите кои тогаш ги покажуваа и со кои условуваа носење на други закони се додека не се донесе Законот за бранители.

Денеска истите тие пратеници кои тогаш, пред носењето на други закони, нарекуваа дека тоа е политичка жизофренија истите тие денеска го блокираа законот за решавање на статусот на бранители.

Овие лицемери денеска гласаа против браниетелите и денеска може да се констатира дека пратениците на ДПМНЕ и ЗНАМ како мнозинство во ова Собрание, се што лажаа излажаа.

Ова парламентарно мнозинство е лицемерно и непособно. За нивната непособност веќе предлагаме закони со кои ќе помогнеме на граѓаните од економски аспект.

Предлагаме закони за намалување на ДДВ, на други закони, за намалување на цените и за зголемување на платите, со еден збор за зголемување на животнито стандард на граѓаните.

За нивното лицемерие ќе продолжиме и понатау да ги вадиме пред лицето на граѓаните, затоа што се што веуваа излажаа“, вели Митрески.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НОВО ПОГЛАВЈЕ ЗА СТАБИЛНОСТ И РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА „Стратегијата Македонија

08/12/2025
Македонија

ПОТРЕБНА НИ Е ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ СПЛОТИМЕ

07/12/2025
Македонија

Полиција откри голема количина алат во „Мерцедес“ на автопатот Табановце-Куманово

07/12/2025
Македонија

ДОАЃА МНОГУ ПОТОПОЛ ПЕРИОД Темпратурата седната недела ќе се искачи

07/12/2025
Македонија

„Имаме ли мир?“ – моќна порака од Сиљановска што одекна

07/12/2025
Македонија

НАМ НИ Е ПОТРЕБНА ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ

07/12/2025
Македонија

Возило со американски ознаки излета од патот кај Кичево, едно

07/12/2025
Македонија

Со пиштол ограбена обложувалница во Струга

07/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38617
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НОВО ПОГЛАВЈЕ ЗА СТАБИЛНОСТ И РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА „Стратегијата Македонија 2030“ е визија за модерна,

08/12/2025

Стратегија  усвоена вчера на Конгресот на партијата во Кавадарци „Ново поглавје –Македонија 2030“ значи визија за модерна, стабилна и европски

ПОТРЕБНА НИ Е ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ СПЛОТИМЕ Сиљановска-Давкова повика да се потсетиме

07/12/2025

Пред нас е задачата да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество со тоа што одново ќе ги научиме доблестите коишто

Полиција откри голема количина алат во „Мерцедес“ на автопатот Табановце-Куманово

07/12/2025

На 07.12.2025 на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ ги лишија од слобода Л.А.(32)

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy