Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шест лица под истрага за трговија со луѓе
Магазин

Шест лица под истрага за трговија со луѓе

17/02/2025

AA

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден истражители од Истражниот центар во обвинителството и Националната единица за борба против криумчарење мигранти и трговија со луѓе при МВР реализираа акција во која се лишени од слобода две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Трговија со луѓе“. Уште четири лица се под истрага за овој случај, и за нив е определена мерка притвор, која за двајца ќе почне да се применува откако ќе бидат пронајдени.

Како што информира денеска Републичкото јавно обвинителство, предметот бил оформен во ОЈО Тетово во ноември минатата година, кога на првоосомничениот му била изречена мерка притвор поради семејно насилство, а по преземените дејствија е утврдено дека станува збор за кривично дело „Трговија со луѓе“. По ова тој е препратен на надлежност во Основното јавно обвинителство. Врз основа на сознанијата и обезбедените докази донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против шестмина осомничени за кривично дело „Трговија со луѓе“.

-Првоосомничениот во текот на деветгодишна брачна заедница со жртвата, ја злоупотребил својата положба и со својата сопруга постапувал на особено понижувачки и суров начин, воспоставувајќи целосна контрола врз неа. Тој, со употреба на сила и сериозна закана, извршувал физичко и психичко насилство над неа, континуирано нанесувајќи ѝ телесни повреди и заканувајќи се по нејзиниот живот и животите на членовите на нејзиното семејство, по што започнал да ја принудува на сексуална експлоатација по пат на проституција заради стекнување на парична корист и наркотична дрога. Претставувајќи ја како своја пријателка, првоосомничениот, во периодот од септември 2023 година до 20 ноември 2024 година, во повеќе наврати ја принудил својата сопруга да дава сексуални услуги во угостителски објекти во Тетово и Гостивар, во нивниот семеен дом, како и во семејните куќи на корисниците на сексуалните услуги, информираат од Обвинителството. 

Тој стапувал во контакт со останатите осомничени – корисници на услугите, го договарал местото, како и надокнадата која била во пари или соодветна грамажа на наркотична дрога – кокаин. Додека жртвата била со корисниците, првоосомничениот имал целосна контрола, следејќи ја понекогаш и преку видео повик, а потоа откако ќе му ги дадела парите или дрогата, ја претепувал, ја горел со цигари и ѝ нанесувал тешки повреди од кои со денови се опоравувала.

Во однос на определување на мерки за обезбедување на присуство, јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција имајќи ги предвид околностите и тежината на стореното дело на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложил определување мерка притвор за четворица осомничени, додека двајца веќе се наоѓаат во притвор. Судијата го прифати предлогот и определи мерка притвор за сите лица, која мерка за двајца осомничени ќе се применува по нивно пронаоѓање.

За кривичното дело што му се става на товар на првообвинетиот, согласно Кривичниот законик запретена е казна затвор во траење од најмалку четири години, додека за корисниците на сексусалните услуги е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Ѝ ПРЕТХОДЕЛЕ СМРТНИ ЗАКАНИ И РАСПРАВИЈА

04/11/2026
Македонија

БРИСЕЛ ГИ ПРЕПОЗНА ЗАКОНСКИТЕ РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Позитивно оценети законите

04/11/2026
Македонија

КОРИДОРИТЕ 8 И 10 СЕ ВАЖНИ И ЗА ВОЕНАТА МОБИЛНОСТ

04/11/2026
Македонија

НЕГИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ОД БУГАРИЈА Е ПОЛИТИЧКИ ГОВОР НА

04/11/2026
Македонија

СО ГОДИНИ МЕСТЕЛЕ ПОДАТОЦИ ВО Е-ИНДЕКСИ, ЗАРАБОТИЛЕ 21.000 ЕВРА Под

04/11/2026
Македонија

ВО КУМАНОВКИОТ СУД ИМА НЕСОГЛАСУВАЊА, А НЕДОСТИГА КАДАР Судскиот совет

04/11/2026
Македонија

Кога ќе завршиме со битолска Алта банка, која е следна

04/11/2026
Македонија

СЕ ЖАЛЕЛЕ ДЕКА ИМААТ МНОГУ РАБОТА, А ОДБИВАЛЕ ДА СЕ

04/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46578
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Ѝ ПРЕТХОДЕЛЕ СМРТНИ ЗАКАНИ И РАСПРАВИЈА Девојката избегала низ прозорец со

04/11/2026

Запалениот автомобил кај Богданци, во кој беше пронајдено тело открива и претходна пријава за насилство со вознемирувачки детали. Според новото

БРИСЕЛ ГИ ПРЕПОЗНА ЗАКОНСКИТЕ РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Позитивно оценети законите за Судскиот совет, обвинителите и

04/11/2026

Напредокот во спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудството 2024–2028, новите закони за Судскиот совет и за Советот на јавните

КОРИДОРИТЕ 8 И 10 СЕ ВАЖНИ И ЗА ВОЕНАТА МОБИЛНОСТ Македонското искуство во НАТО може

04/11/2026

Коридорите 8 и 10 имаат значење и за воената мобилност на НАТО, а искуството од исполнувањето на сојузничките стандарди треба

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy