
Митрески: 2/3 мнозинство зависи од ВМРО-ДПМНЕ
Координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Јован Митрески вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека двотретинското мнозинство зависи од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека очекува во следниот период идејата за европски просперитет да се оствари.
„Партијата која ја напушти власта, ќе анализира и ќе донесе правилна одлука. Затоа што ова е реалната идеја и ова се реалните работи зад кои застанавме како коалиција“, вели Митрески.
Според него, тие се на добар пат за креирање на широк европски фронт.
„Тоа е идеја на претседателот Ахмети и добар говор на Ковачевски, каде испрати покана до сите групи кои влегуваат во европски вредност. Да биде примерна мисијата на сите, едворпската иднина. Поканата е отворена, за другите партии кои веруваат во овие вредности“, додава Митрески.

