Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Mитева не гледа ништо чудно во разговорот меѓу премиерот и јавниот обвинител: Времето на ручеци по бензински и нарачани предмети во СЈО е минато
Македонија

Mитева не гледа ништо чудно во разговорот меѓу премиерот и јавниот обвинител: Времето на ручеци по бензински и нарачани предмети во СЈО е минато

16/05/2026

AA

Портпаролката на Владата, Марија Митева, во гостувањето на 4ТВ остро ги демантираше тезите на опозицијата за наводен притисок врз Јавното обвинителство. Таа порача дека обидите на СДСМ да прикажат дека сегашната власт постапува како нивната е залуден, бидејќи јавноста ја препознава разликата помеѓу транспарентна комуникација и политичко диктирање на предмети.

Одговарајќи на прашањата за комуникацијата помеѓу премиерот и државниот јавен обвинител, Митева нагласи дека институционалниот разговор не е исто што и договарање судски исходи, објави 4news.mk

„Прашањето не е дали имало разговор – тоа е нормално за јавни функции. Клучното прашање е дали има кривично дело или противзаконско дејство. Овие тези ги пласираат структури на СДСМ, истите кои во минатото преку адвокати договараа предмети по бензински станици“, изјави Митева.

Митева потсети на јавните признанија од обвинители кои беа дел од претходниот систем, посочувајќи дека токму високи функционери на СДСМ биле тие кои одредувале приоритети во истрагите.

„Слушнавме обвинител кој јавно кажа дека Спасовски, Шекеринска и Заев во Специјалното јавно обвинителство кажувале на кои предмети да се даде приоритет. Тие луѓе денес тргнуваат од себе и мислат дека сите постапуваат така.“

Митева потенцираше дека изборот на новиот државен јавен обвинител е почеток на една нова ера, наспроти претходникот кој, според неа, „ревносно го бранеа додека тој игнорираше извештаи од Државниот завод за ревизија“.

На прашањето дали Владата открила докази за криминал на своите претходници, Митева остана на принципот на немешање во истражните дејствија, но потврди дека се детектирани низа неправилности, објави 4news.mk

„Не сакам да зборувам за работи надвор од мојата надлежност, особено за истраги. Но, од она што е пласирано во јавноста, евидентно е дека низ институциите се направени низа погрешни постапувања од претходните раководства. Верувам дека надлежните институции ќе постапат соодветно и ќе ги процесираат доказите до обвинителството“, заклучи таа.

Митева заклучи дека денес во обвинителството веќе нема скандали за тоа кој каде треба да биде поставен за шеф или недоразбирања околу делегирањето насоки за постапување, што според неа била секојдневна слика во минатото. Таа изрази надеж дека обвинителството веќе нема да молчи за случаи кои ја брануваат јавноста со години.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЛУЧАЈНО СО ПИШТОЛ ГО РАНИЛ СВОЈОТ ДРУГАР ВО СТОМАКОТ Малолетник

25/10/2026
Македонија

ТРАКТОРСКИ МЕХАНИЗАМ ЈА ПОВЛЕКОЛ ЖЕНАТА ВО НИВА Тешко повредена 46-годишна

25/10/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР ПРОНАШОЛ И ВРАТИЛ ПАРИЧНИК СО ОКОЛУ 4.000 ЕВРА Пример

25/10/2026
Македонија

ВО МАКЕДОНИЈА МИНИМАЛЕН ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ НА БУГАРСКИТЕ ИЗБОРИ Се

25/10/2026
Македонија

УБИЕН Е ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ БИЗНИСМЕН СЛАВИ БИНЕВ ВО СОФИЈА Тројца

24/10/2026
Македонија

ВАКВИ ПРОТЕСТИ НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ РЕЖИРАНИ Политиколозите за бранот

24/10/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ ОЧЕКУВА УШТЕ ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА ВО ВТОРИОТ КРУГ Се заблагодари

24/10/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ СО УБЕДЛИВО ВОДСТВО ПРЕД ПОЛИТИЧКИТЕ КОНКУРЕНТИ Мицкоски со најголема

24/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46358
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЛУЧАЈНО СО ПИШТОЛ ГО РАНИЛ СВОЈОТ ДРУГАР ВО СТОМАКОТ Малолетник и неговиот татко се пријавиле

25/10/2026

15-годишно момче од тетовското село Боговиње било донесено во Клиничкиот центар во Тетово со прострелна рана во стомакот, откако, според

ТРАКТОРСКИ МЕХАНИЗАМ ЈА ПОВЛЕКОЛ ЖЕНАТА ВО НИВА Тешко повредена 46-годишна жена од Сенокос

25/10/2026

Несреќата се случила вчера околу 15:10 часот, на местото викано „Рибник“, во атарот на Сенокос. Жената и нејзиниот сопруг С.И.

ТИНЕЈЏЕР ПРОНАШОЛ И ВРАТИЛ ПАРИЧНИК СО ОКОЛУ 4.000 ЕВРА Пример за чесност и граѓанска одговорност

25/10/2026

Пример за чесност и граѓанска одговорност – млад делчевец пронашол лични документи и поголема сума пари и ги предал во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy