
МИСТЕРИОЗНА СИЛА НА МЕСЕЧИНАТА: Научниците открија необјаснива појава!
Додека научниците очекуваа формирањето на вода значително да се намали кога Месечината е во магнетната опашка на Земјата и заштитена од сончевиот ветер, далечинската анализа го сугерира токму спротивното.
Дека има мраз на Месечината е познато, но она што не се знае е како се создава таму.
Една неодамнешна студија сугерира дека формирањето на мраз на Земјиниот сателит може да биде под влијание на електроните од Земјата и Сонцето, иако точниот извор на таканаречениот лунарен мраз останува непознат.
Тие електрони влијаат на Месечината додека се движи во и надвор од магнетната опашка на Земјата, зоната што Земјата ја „остава зад себе“ додека патува низ вселената.
Таа магнетна опашка содржи слој од плазма составен од високо наелектризирани електрони и јони, кои потекнуваат од атмосферата на Земјата и зрачењето на сончевиот ветер.
Влијанието на сончевите ветрови
Научниците претходно ја истражувале улогата на таа зона и поголемата магнетосфера во создавањето на водата на Месечината.
Магнетосферата се формира кога магнетното поле на Земјата се отклонува од сончевиот ветер, што резултира со различни ефекти.
Додека научниците очекуваа формирањето на вода значително да се намали кога Месечината е во магнетната опашка на Земјата и заштитена од сончевиот ветер, далечинската анализа го сугерира токму спротивното.
Претходните студии покажаа дека водородните јони од сончевиот ветер играле улога во создавањето на водата на Месечината.
