Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мишел Обама призна дека користела „ќотек“ како воспитна мерка
Магазин

Мишел Обама призна дека користела „ќотек“ како воспитна мерка

05/05/2025

AA

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама во својот поткаст говореше за чувствителен период од животот како родител – физичкото казнување на ќерките. Притоа, вели, со текот на времето – кога сфатила „какво е чувството“, т.е. како боли тоа, го променила пристапот. И, иако веќе не се согласува со потплеснувањето, сепак нагласи дека поставување јасни граници е важно во воспитувањето.

– Се почувствував глупаво. Потребни беа неколку потплеснувања по задникот за да сфатам дека не сакам веќе да го правам тоа. Си помислив: Ова е мало дете, објасни Обама.

Мишел, која има две ќерки со поранешниот претседател Барак Обама – Малија (26) и Саша (23), сепак, жали за „времињата кога имало построги и појасни правила“ во воспитувањето. Таа нагласи дека не ги осудува другите родители, туку едноставно го споделува сопственото искуство и како нејзиниот пристап се менувал низ годините.

– Сепак, не го споделувам целосно пристапот на тн. „модерно родителство“. Би сакала да вратиме некои од вредностите што ги имавме тогаш, додаде таа.

Позната по својата посветеност и искреност околу мајчинството, Мишел призна и колку е тешко да се најде рамнотежа во воспитувањето деца денес.

– Родителите денес премногу се плашат да постават граница. И мислам дека тоа е еден од предизвиците со коишто се соочуваме во денешнината… Никој не е совршен. Целта е да ги научите, промените и да им го дадете најдоброто што можете на вашите деца, заклучи Обама.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Поплавен е теренот: Одложен натпреварот Пелистер – Шкупи!

21/11/2025
Македонија

🎥 ПОПЛАВЕНИ НАД 50 КУЌИ ВО РЕСЕНСКО, СЕ ИЗЛЕАЈА БОЛНСКА

21/11/2025
Македонија

Продавачите на книги на кејот во Скопје до среда мора

21/11/2025
Македонија

МАКЕДОНИЈА НЕ ОТСТАПУВА ОД КОНЦЕПТОТ „ЕДНА КИНА“ Спикерот Гаши ја

21/11/2025
Македонија

Поплави низ државата: ЦУК и општините во постојана координација

21/11/2025
Македонија

Србин осомничен за тешка сообраќајна несреќа кај Валандово

21/11/2025
Македонија

Опасно невреме на повидок: Издаден метео аларм, се очекуваат над

21/11/2025
Македонија

ДЕНТА КОГА ЗАГИНА, ДОЗНАЛ ДЕКА ЌЕРКА МУ Е БРЕМЕНА Продолжи

21/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37927
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Поплавен е теренот: Одложен натпреварот Пелистер – Шкупи!

21/11/2025

Обилните дождови кои овие денови ја зафатија Македонија, влијаеа и на фудбалот. Па така, натпреварот Пелистер против Шкупи што требаше

🎥 ПОПЛАВЕНИ НАД 50 КУЌИ ВО РЕСЕНСКО, СЕ ИЗЛЕАЈА БОЛНСКА И ИСТОЧКА РЕКА Се следи

21/11/2025

Поради обилните врнежи на подрачјето на Општина Ресен се излеаја Болнска и Источка Река во селата Царев Двор и Дрмени,

Продавачите на книги на кејот во Скопје до среда мора да ги напуштат тезгите

21/11/2025

Продавачите на стари книги од кејот на Вардар во центарот на Скопје, до среда ќе мора да ги напуштат своите

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy