
Мирчевски со ТСЦ Бачка Топола во полуфинале на Купот на Србија
За младиот клуб со унгарски газди испиша историја откако првпат дојде во завршницата од Купот, па сега ќе има шанса и за прво финале, зашто го чека подобриот од дуелот Раднички Ниш – Војводина за место во завршниот меч за трофејот.
Мирчевски беше стартер денеска, расположен на терен, со неколку шанси, но не даде гол. Играше до 77-та минута од мечот по што беше заменет, кога веќе сѐ беше решено на мечот откако Стефан Вукиќ, Лука Илиќ со два гола и Нуман Курдиќ, кој си даде автогол.
Шампинот Ц. Звезда во полуфинале ќе игра против Чукарички, кој со 1-0 го победи Радник Сурдулица денеска. Инаку ТСЦ е во тесна борба со Чукарички, Партизан и Војводина за второто место кое води во квалификации во ЛШ.
