Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Миовски: Само со минутажа во клубовите ќе може да им парираме на гигантите!
Спорт

Миовски: Само со минутажа во клубовите ќе може да им парираме на гигантите!

27/03/2023

AA

Најдобриот македонски напаѓач Бојан Миовски денеска ја спаси Македонија од бламажа со Фарски острови (1-0), само колку да потврди дека сезонава игра во извонредна форма, па посочи дека само со поголема минутажа на фудбалерите во следниот период, црвено-жолтите може да им парираат на гигантите како Англија и Украина со кои ќе се соочиме во јуни.

Миовски има 17 гола за Абердин од кои 15 во шкотскиот Премиершип, па денеска даде гол вреден победа за да се запише втора победа во низа. Миовски асистираше за прв гол против Малта во триумфот со 2-1 пред четири дена.

„Среќен сум што добрата клупска форма ја префрлив и во националниот тим со асистенција со Малта и гол со Фарски Острови. Трите бода со Малта радуваат, тие мечеви се најтешки, затоа што тие селекции се бранат длабоко, а и домашниот терен ни прави проблем да играме брзо. Овој контролен дуел беше вистински тест за дебитантите и да се воиграме сите за она што ни следува во јуни за последни репрезентации. Одлично ги познавам новите играчи, ги примивме како што треба и имаме одлична хемија.

Само ако имаме минутажа во клубовите може да им парираме на следните ривали, затоа што во следните два меча ќе ни биде потребна голема физичка подготвеност. Интензитетот ќе биде огромен на следните два дуели, ама ако играме во клубовите на ниво и да го префрлиме тоа во репрезентацијата, може да парираме со добра тимска игра“, рече Миовски

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy