
Министрите разговарале за намалување на функционерските плати, но не се договориле?
На владина седница денеска министрите разговарале за намалување на функционерските плати, но не се договориле. Конечен став за намалување на платите на избраните и именувани лица ќе има за неколку дена, брифира за ТВ 24 висок владин функционер.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека денеска на Влада ќе биде поднсено законско решение за Законот за плати на избрани и именувани лица, за поправедено решение, со кое ќе бидат ослободени дел од средствата за антикризни мерки за најранливите категории граѓани.
„Минатата недела Владата донесе одлука и не задолжи работна група од четири министри за нови антикризни мерки. Утре ќе дадеме и законско решение за Законот за плати на избрани и именувани лица, за поправедено решение, со кое ќе ослободиме дел од средствата за антикризни мерки за најранливите катерогии, бидејќи тоа е клучно во временски периоди кога сите треба да покажеме солидарност“, најави синоќа Битиќи во гостувањето во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.
Тој додаде и дека со пренамената на буџетот ќе има нов пакет на антикризни мерки од околу 70 милиони евра кои ќе бидат наменети за најранливите категории.
