Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Министерството за животна средина ги одзеде надлежностите на светиниколскиот градоначалник за депонијата кај Мечкуевци
Македонија

Министерството за животна средина ги одзеде надлежностите на светиниколскиот градоначалник за депонијата кај Мечкуевци

09/04/2023

AA

Министерството за животна средина му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, во врска со регионалната депонија, откако тој не ја прифаќаше предвидената локација. Од Министерството велат дека се одземени ингеренциите во делот на управување со заедничкото претпријатие, кое треба да управува со идната регионална депонија и шесте претоварни станици, додека другите надлежности на градоначалникот си остануваат. Живка Михајлова координатор на проектот од Источно планскиот регион, којашто од самиот почеток е вклучена во сите постапки за изградба на регионачната депонија, во којашто учествуваат 18 општини од Источниот и Североисточниот плански регион вели дека со ова продолжува постапката за ставање во функција на претпријатието, избор на директор, вработени и со тоа имплементација на проектот.

-Ингеренциите на Општина Свети Николе во поглед на одлуки поврзани со регионалната депонија се одземени од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во рамките на оваа постапка Свети Николе таму не донесува одлуки, во нивно име донесува Министерството, а сите други општини нормално си ги донесуваат одлуките како што налага целиот процес. Таа локација не беше избрана туку така, туку беше правена цела студија за изводливост, па така таа се прифати, вели Михајлова.

Во писмениот одговор на Министерството за животна средина се вели дека во однос на законските регулативи процесот се води согласно со националното законодавство и ЕУ регулативите. Посочуваат дека се имплементирани дел од активностите, набавени се камиони, садови и контејнери за собирање на отпад, започнато е чистење на дивите депонии, па во оваа фаза не е оправдано стопирање на проектот, бидејќи тоа би значело и враќање на парите добиени од ЕУ, а на терет на сите граѓани.

-Се очекува до крај на годината да заврши тендерската постапка за избор на компанија. Имено, веќе во наредната 2024 година да се започне со градба. Целокупната техничка и тендерска документација во изминатиот период се ревидираше. Се изработи урбанистичко планска документација. Целата документација во моментов е во фаза на проверка во МЖСПП, по што ќе се достави на одобрување во Министерството за финансии, па следува одобрување од Делегација на Европска унија, по што тендерот ќе биде публикуван и ќе следи фаза од три месеца за достава на понуди и три месеца евалуациона постапка. Се очекува договорот да се склучи при крајот на 2023 година и да се започнесо реализација, се вели во писмениот одговор од Министерството за животна средина.

Вкупната вредност на сите активности за изградба на регионална депонија за Источниот и Североисточниот регион изнесува 40 милиони евра. Парите се добиени преку ИПА фондовите, а дел од истите веќе се потрошени. Следува изградба на трансфер станици и регионална депонија за двата региона кои опфаќаат 18 општини.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy