Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Министерство за финансии: За новите автопати исплатени 4,1 милијарди денари во 2024
Економија

Министерство за финансии: За новите автопати исплатени 4,1 милијарди денари во 2024

13/01/2025

AA

Приходите и расходите во Буџетот за 2024 година се реализирани на ниво над 96 отсто, а буџетскиот дефицит е понизок од планираното за 2,5 милијарди денари и е на ниво од 4,4 проценти од БДП, објави Министерствотоза финансии како рекапитулар за минатата година. Според МФ, за минатата година буџетскиот дефицит инаку бил проектиран да изнесува 4,9 отсто.

Кај данокот на личен доход има остварување од 101 отсто, данокот на додадена вредност 103,8 отсто, кај данокот на добивка има оставрување од 95,6 проценти и увозните давачки се со остварување од 95,3 проценти.

„Приходите од даноци во 2024 година се остварени во износ од 177,9 милијарди денари и се за 12,8% повисоки споредено со минатата година. Придонесите за социјално осигурување се остварени во износ од 105,7 милијарди денари и истите се за 14,1% повисоки од остварените во 2023 година“, соопшти министерството.

Капиталните расходи во 2024 се реализирани во износ од 28,7 милијарди денари или само 76,8  проценти од планираното. Министерството за финансии додава дека за новите автопатски делници што треба да ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ се издвоени 4,1 милијарди денари во 2024, односно околу 67 милиони евра.

„За реализација на проектот за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д беа реализирани 4,1 милијарда денари, односно буџетот за 2024 година наменет за тој проект во целост беше остварен“, велат од министерството.

Расходите за тендери се реализирани во износ од 22,9 милијарди денари (околу 375 милиони евра) или 88 отсто од планираното. Трансферите кон општините преку блок дотации и дотации по основ на ДДВ се реализирани во износ од 30,9 милијарди денари и се повисоки за околу 3,4 милијарди денари во однос на претходната година, земјоделските субвенции се реализирани во износ од 9,2 милијарди денари и се во целост исплатени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена

17/02/2026
Македонија

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите

17/02/2026
Македонија

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен

16/02/2026
Македонија

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за

16/02/2026
Македонија

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река

16/02/2026
Македонија

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре

16/02/2026
Македонија

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА

16/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41543
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена вежба на македонската и на

17/02/2026

СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите ги оставија без покрив над

17/02/2026

Околу 250 лица, односно 63 домаќинства, привремено се сместени во спортската сала во Кичево, откако вчерашното невреме предизвика излевање на

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен конкурс

16/02/2026

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy