Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Министерот Меџити го посети Алек, првото родено бебе во 2024 година
Македонија

Министерот Меџити го посети Алек, првото родено бебе во 2024 година

01/01/2024

AA

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска утрово ја посетија Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, каде синоќа после полноќ, во 00:00 часот се роди првото бебе во 2024 година. Станува збор за здраво машко дете, тешко 3760 грама и долго 52 сантиметри. Ова е прво дете во семејството Стефковски.

„Ја користам оваа прилика на граѓаните да им ја честитам Новата година и да им посакам пред сѐ добро здравје и успеси. Ние како Министерство продолжуваме во новата година да спроведуваме политики и мерки за заштита на здравјето на мајките и новороденчињата, како и на сите други пациенти“, изјави министерот Меџити при посетата.

Меџити му посака здравје, среќа и безгрижно детство на новороденото бебе, а на родителите им ги честиташе новогодишните празници.

Министерката за труд и социјална политика Тренчевска информираше дека традиционално секоја година со министерот за здравство се во посета на јавно-здравствената установа кадешто се родило првото бебе.

„Оваа година е Универзитетската клиника за гинекологија и акушество, точно на полноќ се роди првото машко бебе Алек и им честитам воедно на родителите, на мајката и таткото Стефковски. Нека им е живо и здраво, да има среќно детство, секако да бидат и тие среќни родители, тоа им е прва рожба во фамилијата“, рече Тренчевска.

Директорката на ГАК д-р Викторија Јовановска потенцираше дека годината почна убаво со три родени бебиња во првите 15 минути веднаш по новата година.

„Годината почна убаво, со родени три бебиња во првите 15 минути веднаш после Новата година, што би требало да биде добар знак дека годината ќе ни биде многу подобра од претходната и се надеваме дека ќе имаме повеќе здрави и доносени бебиња и повеќе среќни родители“, изјави Јовановска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy