
МИНИСТЕРОТ ГИ ОТВОРИ ВРАТИТЕ НА ТРЕЗОРОТ КАДЕ СЕ ЧУВААТ ДРЖАВНИТЕ ПАРИ: Еве ги парите, рече српскиот министер за финансии Мали-„Никогаш немало повеќе“
Министерот за финансии Синиша Мали се огласи на TikTok, каде ги поведе граѓаните на виртуелна обиколка на Трезорот.
– Ве носиме во Трезорот, каде се чуваат парите на Република Србија – рече министерот.
Кога ќе се изговори зборот „Трезор“, многумина замислуваат огромен сеф.
Сепак, како што објасни, сите пари на Србија се на сметките.
– Никогаш немало повеќе. Речиси пет милијарди евра.
Министерот најави дека ќе има уште повеќе, за нови болници, училишта, градинки, автопати, повисоки пензии и повисоки плати.
– За вас и вашата иднина – рече министерот Мали.
Целото видео може да го погледнете тука.

