Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Ќе има крак на железница до скопскиот аеродром
Економија

Ковачевски: Ќе има крак на железница до скопскиот аеродром

17/11/2023

AA

Претседателот Ковачевски денеска рече дека ќе се гради пруга до скопскиот аеродром откако денеска во Белград беше потпишан  Меморандум помеѓу Србија и Македонија за изградба на железничка мрежа со високи перформанси на Коридорот 10.

Станува збор за железничка мрежа која би ги поврзала Скопје и Ниш и би поддржала пат со брзи возови, кои би се движеле со брзина од најмалку 160 километри на час.

-: Отворивме пат за изградба на брза железничка линија Скопје – Ниш – Белград и крак со којшто кај нас се прави поврзување со Меѓународниот аеродром во Скопје. Се работи за изградба на брза пруга од околу 50 километри.
Потпишан е Меморандум за воспоставување железничка мрежа со високи перформанси помеѓу Северна Македонија и Србија, со што овозможуваме поврзување меѓу државите од Западен Балкан и кон Европската Унија.

Меморандумот се однесува на железничко поврзување на релација Атина – Солун – Скопје – Ниш – Белград – Загреб – Љубљана – Салзбург. Комерцијалната брзина на железницата е предвидена на околу 160 km/h. Пругата за брз проток на стоки очекуваме да овозможи развој на целиот регион, рече Ковачевски.

Владата во својата програма за работа за периодот до 2024 година вети дека ќе изработи проектна документација за изградба на нова пруга од Миладиновци до Меѓународниот аеродром Скопје. Ова ветување до ден денеска е неисполнето, а наредната година како краен рок за завршување на обврската нема да се испочитува, бидејќи допрвo ќе се бараат средства од ЕУ за техничката документација за проектот.

IИзведбата на пругата влезе во Програмата за работа на Владата за периодот 2020-2024 година. Во меѓувреме, со ревидираната владина програма за работа за периодот 2022-2024 година се промени и ветувањето, па наместо изградба на пругата што првично беше ветена во 2020 година, сега стои дека ќе се изработи единствено проектна документација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy