Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Минималните плати во Европа: Каде е Македонија на мапата на куповната моќ?
Македонија

Минималните плати во Европа: Каде е Македонија на мапата на куповната моќ?

07/02/2026

AA

Европскиот пазар на труд во 2026 година покажува длабок јаз во примањата на работниците, каде номиналните износи на минималните плати варираат од скромни 173 евра во Украина до високи 2.704 евра во Луксембург. Македонија, со износ од 411 евра, останува во групата земји со најниски минимални плати во Европа, позиционирана под сите земји-членки на ЕУ и дел од земјите-кандидатки.

Иако Македонија се наоѓа на самото дно според износот во евра (26-то место од 29 земји), сликата значително се менува кога ќе се примени параметарот на паритет на куповна моќ (ПКМ). Овој индикатор ја покажува реалната вредност на парите во однос на локалните трошоци за живот.

При прилагодување на платите според куповната моќ, Македонија бележи еден од најголемите скокови на листата, напредувајќи за шест позиции — од 26-то на 20-то место. Ова сугерира дека, иако номиналниот износ е низок, пониските трошоци за услуги и производи во земјата овозможуваат малку поголема вредност на платата во споредба со некои земји каде трошоците за живот се драстично повисоки.

Во рамките на балканскиот регион и земјите-кандидатки, состојбата е следна:

Евростат ги дели земјите во три категории, при што Македонија е цврсто позиционирана во последната група (под 1.000 евра), заедно со уште 14 други држави. На спротивната страна се наоѓаат „големата петорка“ (Луксембург, Ирска, Германија, Холандија и Белгија) каде минималецот надминува 2.000 евра.

Податоците за почетокот на 2026 година откриваат дека зголемувањето на платите не е универзално. Додека земји како Бугарија и Унгарија бележат раст од над 11%, една третина од европските работници со минимална плата не виделе никакво зголемување во периодот јули 2025 – јануари 2026 година. Како клучни фактори за овие разлики, економските аналитичари ги посочуваат индустриската продуктивност и преговарачката моќ на работниците, кои остануваат главни предизвици за македонската економија во процесот на приближување кон европските стандарди.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
Македонија

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА

21/09/2026
Македонија

„ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ ЗА ПРЕСУДАТА НА ХАШИМ ТАЧИ“

21/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана

21/09/2026
Македонија

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

21/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ

21/09/2026
Македонија

ПАЦИЕНТИТЕ НЕМА ОД ШАЛТЕР ДО ШАЛТЕР ДА ГИ НОСАТ ИСТОРИИТЕ

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45711
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7 степени повисоки од просекот

21/09/2026

Август 2026 година бил екстремно топол и претежно сушен во најголем дел од државата, покажуваат мерењата и набљудувањата на метеоролошките

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН ВО „ПУЛС“ Тројца гости сведочеа

21/09/2026

Сведок на рочиштето против 13 полицајци денеска сведочеше дека еден полицаец одбил да им помогне на повредените во пожарот во

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА Тој тврди дека плочата ја

21/09/2026

Парична казна во висина од 5.000 евра изрече денеска Струшкиот основен суд за поранешниот градоначалник на Општина Струга Рамиз Мерко

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy