
МИНИМАЛНА ПЛАТА ВО ЕУ: Во четири држави за 10 години има пораст од над 10 отсто
Според Евростат, соседна Бугарија има најниска минимална плата меѓу земјите членки на Европската унија(ЕУ) во јануари, односно 551 евро.
Сепак, Бугарија е меѓу земјите-членки, заедно со Романија, Литванија и Полска, со највисока просечна стапка на зголемување на минималната плата во изминатите 10 години и тоа е повеќе од 10 проценти. Најниски просечни годишни стапки на раст меѓу земјите од ЕУ се забележани во Франција – нешто повеќе од 2 отсто и Малта – речиси 3 отсто. Во групата со минималец кој е помалку од 1.000 евра месечно, покрај Бугарија, се и Хрватска, Грција, Малта, Естонија, Чешка, Словачка, Романија, Летонија и Унгарија.
foto freepik.com/roman-
