Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Милошоски: Еден дезертер си даде оставка, друг дезертер ќе седне во премиерската фотелја
Македонија

Милошоски: Еден дезертер си даде оставка, друг дезертер ќе седне во премиерската фотелја

28/01/2024

AA

Антонио Милошовски од собраниската говорница рече „еден дезертер си даде оставка, друг дезертер ќе седне во премиерската фотелја“. По говорот, пратеничката група ја напушти седницата. Во продожение интегрално говорот на Антонио Милошоски.

Еден дезертер си даде оставка, друг дезертер ќе седне во премиерската фотелја.

Ниту оној што стана од фотелјата, ниту овој што ќе седне немаат искрени чувства кон Македонија. И затоа исто како и Ковачевски најлошиот премиер досега не очекувајте ниту од Талат Џафери да биде подобар и да работи за успешна и напредна држава Република Македонија.

Почитувани симпатизери од СДСМ,

Партијата ДУИ нема толку пратеници, ниту број на гласови за да избере премиер. Но, денес Ковачевски и Маричиќ евтино ја продадоа куќата на СДСМ и за нивните фотелји од вашата партија направија привезок на ДУИ.

СДСМ, ЛДП и НСДП, верните слуги на корумпираната ДУИ заради коруптивни погоди денес македонскиот народ го направија кираџија во сопствената држава.

Наместо ветената европеизација, денес пратениците од СДСМ, ЛДП и НСДП ви приредија една понижувачка дуизација на државата, ставајќи го на чело на Владата Талат, другарот на Рамиз Мерко и на Пуцко Петрол, познатите Европејци од Македонија.

Затоа тие што ќе кажат дека ова е историски ден може да се согласиме во една работа, ова е историски ден затоа што Македонија има Влада со историски највисок долг, историски највисока инфлација, историски најлошо здравство, историски најмногу лажни пасоши за нарко босовите во Македонија и во регионот. Македонија има Влада со историски највисока корупција во регионот.

Талат Џафери доаѓа од Гостивар, 20% од жителите во Гостивар во изминатите 20 години се иселија во Европа, додека Талат Џафери и Али Ахмети им зборуваа за Европа, а во меѓувреме прават тендери и ги лажат своите гласачи.

Во т.н. европски фронт тоа што потсетува на Европа се само зелените евра кои што ги земаат како провизија од многу фирми што ги рекетираат.

Ако Артан Груби беше кумот на корупционерите во Владата, Талат беше нотарот кој што ги завери сите бизниси за закони во Собрание со злоупотреба на европското знаменце.

Неколку примери за оваа корупција на ДУИ со нивните слуги од СДСМ. 130 милиони буџетски евра беа дадени на фирма блиска до ДУИ која што ќе градеше фабрика за електрични автомобили, таму беа сликани Талат Џафери, Ковачевски, Ахмети, Артан Груби, Крешник Бехтеши. Остана само сликата и една дупка покрај патот до Тетово нема фабрика и нема електрични автомобили. ДИУ и СДСМ имаа 130 милиони евра за фирмата спонзор на ДУИ, имаше пари за историска провизија да се земе од оваа фирма, но немаат пари да го довршат автопатот Кичево-Охрид.

Законот за минерални суровини исто така Талат Џафери во Собранието им го заври по скратена постапка. Зошто? За да може министерот за економија секој месец да зема историски високи провизии од концесионерите на минерални суровини.

Законот за автопатите со европско знаменце Талат Џафери им го завери по брза постапка, платени се историски 200 милиони евра за нула километри автопат. Но, затоа пак ДУИ преку Ејуп Рустеми си зема историски високи провизии од подизведувачите кои ги одбра. Значи има 200 милиони евра за нула километри автопат, но нема пари за студентите и нема пари за пензионерите.

И Законот за коцкарници, Талат Џафери го протна преку ред во Комисијата за европски прашања и замислете партијата која е ребрендирана зелена партија, партиската која збори за европски фронт сега стана партија на коцкарници и игри на среќа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy