Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Милионска измама со превоз на ученици во Тетово: Со истечени договори и лажни искази кај нотар барале наплата на 17 милиони денари
Македонија

Милионска измама со превоз на ученици во Тетово: Со истечени договори и лажни искази кај нотар барале наплата на 17 милиони денари

17/12/2025

AA

Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово поднесе кривични пријави против двајца превозници и нивните фирми, кои се обиделе на незаконски начин да наплатат огромни суми пари од средни училишта во градот. Иако договорите за превоз им биле истечени, тие изготвувале фактури и преку нотари се обиделе да изнудат наплата, тежејќи го буџетот за вкупно над 17 милиони денари.

Полицијата ги товари за кривичните дела „измама“ и „давање лажен исказ“.

Во првиот и потежок случај, кривична пријава е поднесена против М.З. (46) од Тетово и неговото транспортно претпријатие.

Според истрагата, иако знаеле дека договорот за превоз на редовни ученици со средното училиште е веќе истечен, тие за месеците септември и октомври 2024 година изготвиле фактури во вредност од дури 15.034.110 денари. Откако училишните служби ја одбиле наплатата и не наседнале на измамата, осомничените отишле чекор понатаму – дале лажен исказ пред нотар. Врз основа на тој исказ, успеале да издејствуваат предлог-решение за нотарски платен налог.

Во вториот одвоен настан, пријавен е Ќ.Ф. (59) од село Шемшово и неговото правно лице.

Слично на претходниот случај, иако договорот бил истечен, тие на 10 јуни 2025 година (ретроактивно) изготвиле фактури за септември и октомври 2024 година во вкупен износ од 2.152.447 денари. Со намера да го доведат училиштето во заблуда, ги доставиле фактурите за наплата. Кога тоа не поминало, исто така побарале правна заштита преку нотар со давање лажен исказ, барајќи издавање на нотарски платен налог за непостоечкиот долг.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
Македонија

СЕДМИЦАТА ЌЕ БИДЕ СВЕЖА, ЌЕ ПОЧНЕ СО ДОЖДОВИ Ветрот локално

20/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ АГИНО СЕЛО, ДВАЈЦА ЗАГИНАА ВО НЕСРЕЌА Возач на

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45692
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина во Словенија, момчето е тешко

20/09/2026

Седумгодишно момче тешко се повредило откако паднало во кањон кај водопадот Савица во Бохињ, а неговиот 44-годишен татко, откако ги

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет за две години работа во

20/09/2026

Две години работа, две години резултати, една љубов – Македонија. Со ова мото Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy