Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „МИЛЕ, ЗЛАТО СИ, ЧЕСТАМ РУЧЕК“, „ПОЛОЖЕН ТИ Е СО 93,33“ Објавени пораките меѓу ексдиректорката на Антикорупциска и ревизорот
Македонија

„МИЛЕ, ЗЛАТО СИ, ЧЕСТАМ РУЧЕК“, „ПОЛОЖЕН ТИ Е СО 93,33“ Објавени пораките меѓу ексдиректорката на Антикорупциска и ревизорот

21/04/2026

AA

„Ај честито и злато си, частам ручек“, „Со 93,33 ти е положен“. Ова е само дел од писмената комуникација што денеска беше презентирана во судницата на рочиштето против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која се товари за одdавање службена тајна и компјутерски фалсификат.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција пред судот ги читаше пораките кои Димитровска си ги разменувала со ревизорот Миле Столевски, на денот кога, според обвинението, тој наместо неа го полагал тестот за добивање безбедносен сертификат.

Првата порака што обвинителот Фатон Азизи ја презентираше на видеобим беше од 22.08.2023 година и беше со прикачен документ, каде што Димитровск му праќа принтскрин со код, име, лозинка и е-пошта, за пристап во електронскиот систем на Дирекцијата за безбедност на класифицираните информации (ДБКИ) за следење на обуката.

Столевски две години по ред со овие лозинки се вклучувал онлајн на обуките како „Татјана Димитровска“, слушал, полагал и добивал сертификат во нејзино име.

Обвинителството пред судот ги презентираше пораките екстрахирани од телефонот на Димитровска, со кои ја товари за компјутерски фалсификат.

Во пораките од 22 август 2024 година, Димитровска му пишува на Столевски: „Фала Миле, частам ручек“, по што тој ѝ испраќа ПДФ-формат од сертификат и одговара: „Се шалам, не частиш ништо“. Потоа следува: „Со 93,33 ти е положен“.

На прашањето „А новиот?“, Столевски одговара дека „веќе е невалиден“ и ѝ нуди: „Да ти полагам на ново?“, на што Димитровска возвраќа: „Мислам, да“. Потоа следи комуникација во која тој најавува дека ќе го полага тестот, а подоцна испраќа нов сертификат издаден од Агенцијата за безбедност на класифицирани податоци.

На крајот од разговорот, Димитровска му пишува: „Па ај нека ни е, злато си“.

Обвинителството е децидно дека токму овие пораки ја докажуваат вината.

На денешното рочиште беа презентирани и пораки од друга обвинета во предметот, Билјана Петровска-Мандева, вработена во ТЕЦ Неготино. Обвинителството тврди дека таа преку пораки го известувала поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ (обвинет во случајот „Адитив“), дека е отворена истрага за набавката на мазут. Како доказ беше посочено дека таа му ја фотографирала наредба од Бирото за јавна безбедност (БЈБ) која пристигнала во компанијата.

И покрај презентираните докази, Димитровска, Столевски и Мантева се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy