Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Милановиќ за испраќање хрватски хеликоптери во Украина: „Тоа води до МАСОВНО КРВОПРОЛЕВАЊЕ“
Регион

Милановиќ за испраќање хрватски хеликоптери во Украина: „Тоа води до МАСОВНО КРВОПРОЛЕВАЊЕ“

17/03/2023

AA

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска повторно ја критикуваше хрватската влада за одлуката да испрати хеликоптери во Украина и посочи дека тоа води до продолжување на војната и масовно крвопролевање.

– Овие хеликоптери што беа испратени во Украина, тоа е одлука на владата, тоа води до масовно крвопролевање и масовна смрт и продолжување на војната – изјави Милановиќ на новинарите.

Тој рече дека тие хеликоптери не се загуба за хрватското воздухопловство.

– Не ветуваат и нивните ресурси се при крај. Не ни требаат во тој број. Имавме премногу хеликоптери со огромен капацитет за потребите на мала земја и мала армија. Американските што ги купуваме се брутално скапи, на нив се прават незамисливи профити – рече Милановиќ.

Тој истакна дека Владата на Хрватска може да прави што сака кога е во прашање опремата, но кога е во прашање персоналот, вели тој, не може бидејќи тој е врховен командант, објавија хрватските медиуми.

Милановиќ ова го изјави по одбележувањето на 30-годишнината од основањето на Матица на хрватските синдикати, одговарајќи на новинарско прашање да ја коментира одлуката на Словачка да испрати борбени авиони од типот МиГ во Украина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy