Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МНР: Одлуките на Комисијата за употреба на имиња се насочени против контроверзните називи
Македонија

МНР: Одлуките на Комисијата за употреба на имиња се насочени против контроверзните називи

17/03/2023

AA

Министерството за надворешни работи активно соработува со здруженија и организации од невладиниот сектор и го поддржува нивниот ангажман, согласно постоечката законска рамка со која се уредува формирањето и делувањето на таквите здруженија.

Уредувањето и општествените околности во Република Северна Македонија се меѓународно признаени како пример за тоа како треба да се заштитат малцинските права и да се негуваат различностите базирани на идентитетските колективни права.

Оттука Законот за здруженија и фондации, односно одлуките на Комисијата за употреба на имиња, уште еднаш би сакале да нагласиме дека не се насочени против уставно загарантираното право на здружување, туку против одлуките здруженијата да носат имиња на контраверзни личности, кои создаваат непријатност меѓу сите граѓани на земјата, и во оваа смисла Комисијата за употреба на имиња носи мериторни одлуки согласно законските прописи и интенцијата да се зачува суштината на мултиетничкото општество.

Работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија, од друга страна, ја има целосната поддршка на институциите на Република Северна Македонија, но нејзината работа не е поврзана со Законот за здруженија и фондации, односно условите под кои се формираат и делуваат здруженијата на граѓани.

Северна Македонија има високо ниво на заштита и негување на правата и националните, јазични и културни особености на секоја заедница и тоа право не е ограничено, ниту би можело да се ограничи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скопјанец се обидел да изнуди пари од 61-годишник!

15/05/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ ПРЕД НАС: Сончеви интервали за викендот, дожд на

15/05/2026
Македонија

Клековски: Се бара техничко решение за побрза исплата на породилното

15/05/2026
Македонија

Тошковски најави засилени контроли за дивеењето со мотори низ градовите:

15/05/2026
Македонија

Шест лица приведени, вкупно осум пријави за семејно насилство!

15/05/2026
Македонија

Жена од Велес измамена од маж за сума од 240.000

15/05/2026
Македонија

48-годишна скопјанка тешко повредена – паднала во шахта без капак!

15/05/2026
Македонија

Жолт и портокалов метео аларм за утре за цела Македонија

15/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43293
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Скопјанец се обидел да изнуди пари од 61-годишник!

15/05/2026

На 14.05.2026 на подрачјето Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ ПРЕД НАС: Сончеви интервали за викендот, дожд на средината на неделата

15/05/2026

Подгответе се за недела исполнета со метеоролошки промени. Според најновата седумдневна прогноза, не очекуваат умерени температури, многу облачност, но и

Клековски: Се бара техничко решение за побрза исплата на породилното отсуство, малите фирми прават грешки

15/05/2026

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) интензивно работи на изнаоѓање техничко решение за надминување на проблемите со исплатата на породилното отсуство.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy