Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ
Македонија

Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ

07/05/2025

AA

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, на заедничка прес-конференција со претседателката Гордана Сиљановска Давкова во Вила Водно, испрати јасна порака – Македонија не треба да трпи никакви уцени или изнудувања во процесот на пристапување кон Европската Унија.

„Државата не смее да дозволи да биде жртва на политички притисоци. Ќе добиете многу совети – од соседите, од меѓународната дипломатија, од самата ЕУ – но не се сите паметни ниту корисни. Само вие можете да одлучите што е најважно за вашата држава,“ нагласи Милановиќ.

Тој посочи дека не сака да полемизира, ниту директно да ги коментира ставовите на Бугарија, но подвлече дека во ЕУ потребен е консензус, и дека додека некоја земја се спротивставува, Македонија не може да напредува на тој пат.

„Прашањето е – дали ЕУ е сѐ уште ваша примарна цел? Или можеби постојат други патишта кон успех и развој? Тоа е одлука што самите треба да ја донесете,“ рече Милановиќ.

Претседателот на Хрватска додаде дека Македонија не смее да се третира како „посебен случај“ и оти постоечките проблеми произлегуваат од несогласувања со други страни, а не од нејзина вина.

„Не смееме да ја гледаме Македонија како држава со посебни потреби. Европското право и принципите се важни, но реалноста покажува дека ЕУ не секогаш функционира според тие правила. Сепак, има и добри страни – само не смееме да живееме во илузии,“ предупреди тој.

Во врска со договорот за воена соработка помеѓу Хрватска, Албанија и Косово, Милановиќ објасни дека станува збор за меморандум, а не формален договор, и дека истиот не треба да предизвикува тензии.

„Тоа е меморандум што го потпишаа министрите за одбрана на три пријателски држави. Поддржувам ваква соработка и сакам да ги смирам соседните држави, како Србија – нема простор за страв или сомнеж,“ изјави Милановиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сè уште активен пожарот кај Стенковец, избиле уште два на

06/09/2026
Македонија

Маж од скопско Драчево е осмата жртва од западнонилска треска

06/09/2026
Македонија

Гори дива депонија кај Стенковец, Ангелов: Ова што се случува

06/09/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот кај Рамно го замириса Скопје, активни се над

06/09/2026
Македонија

Ер-трактори упатени кон Брвеница: Огнот кај Милетино се заканува на

06/09/2026
Македонија

Изложба на олдтајмери во Кавадарци: Најстариот автомобил има 98 години

06/09/2026
Македонија

Се огласија од Владата за приведениот возач: Законите важат за

06/09/2026
Македонија

Симон Трпчески со триумфални концерти во Токио одбележа 20 години

06/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45502
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сè уште активен пожарот кај Стенковец, избиле уште два на отворен простор

06/09/2026

Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а во неговото гаснење се ангажирани скопските пожарникари. Во меѓувреме, попладнево избиле уште

Маж од скопско Драчево е осмата жртва од западнонилска треска

06/09/2026

Пациент на возраст од 70 години од скопската населба Драчево е осмата жртва од западнонилската треска годинава. Тој се лекувал

Гори дива депонија кај Стенковец, Ангелов: Ова што се случува е нехумано

06/09/2026

Нов пожар попладнево избувна во непосредна близина на спортскиот аеродром Стенковец, каде што е зафатена дива депонија. Над местото се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy