Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски:Зад Бугарското вето стојат други интереси – Ако некој ја сакаше Македонија внатре тоа ќе го направеше без услови
Македонија

Мицкоски:Зад Бугарското вето стојат други интереси – Ако некој ја сакаше Македонија внатре тоа ќе го направеше без услови

06/10/2023

AA

ФОКУС: Најавивте дека ќе го напуштите Собранието доколку власта се обиде да го протурка Законот за амнестија со европско знаменце, што е спротивно на вашата досегашна позиција дека ваков чекор би бил контрапродуктивен, бидејќи ќе и остави бришан простор на власта да носи штетни закони и така да спроведува штетни политики. Зошто сега отстапувате од оваа позиција?

МИЦКОСКИ: Таа наша позиција е се уште актуелна, но ако продолжи злоупотребата од страна на власта практично станува беспредметна. И ако тие одлучуваат на секој закон што им е претходно договорен да стават европско знаме, што значи дека максимален период за дебата и собраниска процедура е 3 работни дена, без оглед колку амандмани се поднесени, тогаш не ја гледам суштината зошто ВМРО-ДПМНЕ да учествува во парламентот, кога за секој закон којшто е пазарен тие ќе се договорат, ќе закачат европско знаме, тоа кај меѓународната заедница ќе помине со еден укор и така досега тоа функционира.

ФОКУС: Од Министерство за правда ви вратија дека дека пукате во празно, бидејќи однапред сте знаеле дека овој закон нема да оди со европско знаме.

МИЦКОСКИ: Не е точно дека сме биле информирани, немаме никаква официјална комуникација одамна со ниедна владина институција, вклучително и Мин. за правда, и тоа е резултат на заклучок на седница одржана на Извршниот комитет на партијата. Можеби во занес министерот (Кренар Лога) мисли дека ако ги информира осудените лица предмет на овој закон, па им ветува таму…

ФОКУС: Што ветува и кому ветува?

МИЦКОСКИ: До нас стигаат такви информации, тоа треба и вие како новинари да го проверите, дека е во континуирана комуникација со нарко-кланови во затвор, па им ветува дека со законот ќе им се скрати затворската казна, па мисли дека го информирал и ВМРО-ДПМНЕ. Се изгубил во простор, но тоа е негов проблем.

Во Македонија подолго време постои полициско-криминална и криминална коалиција која има цел да функционира на сметка на интерeсите на граѓаните и државата, а за сметка на сопствените интереси.

ФОКУС: Дали Вие сте генерално против амнестија на осудени лица или имате проблем со содржината на законот, со категориите што се опфатени?

МИЦКОСКИ: Нашиот став е принципиелен – овој закон нема да го поддржиме од причини што се однесува на лица осудени за кривични дела како насилство, перење пари, дилање дрога итн. Тоа се големи кривични престапи, а уште повеќе што осудени лица како оние двајца помагачи за грозоморниот злостор кај Смилковски езеро познат како „Монструм“ имаат можност да бидат амнестирани.

ФОКУС: Дали сте размислувале да иницирате амнестија за осудените за „27 април“ и дали тоа може да биде услов да го поддржите овој закон?

МИЦКОСКИ: Јас повеќе од 5 години имам директна комуникација или преку нивните семејства и адвокатите на лицата што се дел од предметот за „27 април“ и ниту еден од нив не бара милост или амнестија, туку бараат правда која за жал досега не ја добиваат поради октроираното обвинителство и судство.

Не треба да ве потсетам дека судијата што ги изрече тие драконски казни денеска има улога како претседател на Уставен суд, а неодамна ја видовме како пледира да биде и политички активна, па артикулира и политички позиции за теми надвор од нејзиниот опис и попис на работа.

ФОКУС: Зошто не го напуштивте собранието, кога се европско знаме се протуркаа измените на Кривичниот законик?

МИЦКОСКИ Тоа беше исклучок и сега гледаме дека тој исклучок се трудат да стане правило. Ако стане правило, која е логиката да седиме во парламент и да правиме естрада, кога тоа што е пазар на власта со европско знаме ќе си помине во процедура за 3 работни дена. Ако остане само на исклучок, во ред – во име на демократијата, стабилноста на државата, подготвени сме да дигестираме исклучок. Но правило- не!

ФОКУС: Сте учествувале или не сте учествувале во преговори во кои всушност сте ги барале измените на КЗ кои периодов беа донесени, во делот на намалување на казните за злоупотреба на службена положба и злосторничко здружување?

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претрес во гостиварско: Пронајдени дрога и муниција, уапсен 58-годишник

31/07/2026
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44769
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претрес во гостиварско: Пронајдени дрога и муниција, уапсен 58-годишник

31/07/2026

Полициска акција спроведена утрово во гостиварското село Равен резултираше со апсење на едно лице, откако при претрес во неговиот дом

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора да сопре!

30/07/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy