
Мицкоски за лидерска средба со Филипче: Во моментов не гледам причина зошто би организирале!
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека во моментов не гледа потреба од одржување нова лидерска средба со претставниците на политичките партии, иако, како што посочи, не ја исклучува можноста за таква средба во иднина.
„Па добро, често пати ме канат на лидерски средби. Ние имавме една лидерска средба со господинот Венко Филипче. Доколку би имало потреба од таква лидерска средба, не гледам зошто да не ја организираме. Но, во моментов не гледам таква причина зошто би организирале уште една“, рече Мицкоски на прес-конференција по повод потпишувањето на договорите за инфраструктурни проекти со општините, во рамки на вториот јавен повик објавен од Владата.
