Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски за Гоце Делчев: Ние сме горди што имаме еден таков човек да го славиме и е дел од нашата историја и нашиот македонски ген
Македонија

Мицкоски за Гоце Делчев: Ние сме горди што имаме еден таков човек да го славиме и е дел од нашата историја и нашиот македонски ген

04/02/2023

AA

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од црквата Свети Спас каде се одбележува 151-годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев истакна дека две чувства се развиваат кај него.

„Првото чувство е нормално чувството на почит кон Македонецот, кон великанот Гоце Делчев за тоа што го сторил за Македонија, за тоа што го направил за македонскиот народ во својата би рекол бурна животна приказна. Ние сме горди што имаме еден таков човек да ги славиме и е дел од нашата историја и нашиот македонски ген и тоа е чувство на задоволство и среќа кај секој еден чесен и честит Македонец без разлика каде се наоѓа дали е денеска овде во Македонија или насекаде во светот“, порача Мицкоски.

Според него, второто е чувството на разочараност, чувство кое кај него се создало денеска чекорејќи од онаа прва барикада преку втората барикада до овде до оваа црква и наместо да се зближуваме, наместо да се зголемува нашето пријателство ние денеска за жал сме подалечни од кога и да било во нашата историја.

„Пред 68 месеци ветуваа живот, пред 68 месеци ветуваа дека Македонија ќе ја однесат во Европа. Денеска ние сме, според нивото на корупција, како држава рамо до рамо со Тунис, Сутинам, Индија а, во сите останати параметри сме последни на Балканот. И за жал, никогаш подалечни со нашите соседи од тоа што сме денеска.

Денеска имате вие, безбедносни мерки од прв степен, хеликоптери надлетуваат како во воените времиња. Навистина жалам што сум сведок на сето ова и навистина жалам што ќе останат уште ден повеќе онаму каде што се, оваа влада на ДУИ поддржана од СДСМ“, вели Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕТАПНО ЌЕ СЕ ПОКАЧАТ ПЛАТИТЕ НА ОБВИНИТЕЛИТЕ ДО 40% Јавниот

12/11/2026
Македонија

ПЕТ ЗГРАДИ ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА ПОДЗЕМЕН КАБЕЛ

12/11/2026
Македонија

1.026 МАГИСТРИ И 39 ДОКТОРИ НА НАУКИ СЕ ВОДАТ КАКО

12/11/2026
Македонија

НЕ Е ДО БУЏЕТОТ, ЛОШИТЕ РЕЗУЛТАТИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО СЕ ОД

11/11/2026
Македонија

ИСЛАМСКИОТ МЛАДИНСКИ ФОРУМ ЈА ОСПОРУВА ОДЛУКАТА НА ЕГИПЕТ ДЕКА СЕ

11/11/2026
Македонија

ЌЕ ДУВА ТОПОЛ ЈУЖЕН ВЕТЕР, СО БРЗИНА НАД 80 КИЛОМЕТРИ

11/11/2026
Македонија

СДСМ ТОЧНО ЗНАЕЛ КОЈ Е МАЦУРА, СЕ ПОКАЖА НЕГОВОТО ЛИЦЕМЕРИЕ

11/11/2026
Македонија

ПАРИТЕ НА КЛИЕНТИТЕ НА АЛТА БАНКА ИМ СЕ НА СМЕТКИТЕ

11/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46739
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕТАПНО ЌЕ СЕ ПОКАЧАТ ПЛАТИТЕ НА ОБВИНИТЕЛИТЕ ДО 40% Јавниот обвинител Савески вели дека тоа

12/11/2026

Платите на вработените во обвинителството би можеле да се зголемат до 40 проценти, но покачувањето ќе се реализира етапно, најави

ПЕТ ЗГРАДИ ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА ПОДЗЕМЕН КАБЕЛ Скеле го попречило пристапот до

12/11/2026

Пет станбени згради на улицата Индустриска 1 во Скопје повеќе од 19 часа беа без електрична енергија поради дефект на

1.026 МАГИСТРИ И 39 ДОКТОРИ НА НАУКИ СЕ ВОДАТ КАКО НЕВРАБОТЕНИ Вкупната стапка на невработеност

12/11/2026

Вкупно 1.026 магистри и 39 доктори на науки се евидентирани како невработени во Македонија, според податоците на Агенцијата за вработување,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy