Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски за членот на обезбедувањето: Кој и да е ќе биде најжестоко и најостро санкциониран!
Македонија

Мицкоски за членот на обезбедувањето: Кој и да е ќе биде најжестоко и најостро санкциониран!

02/04/2025

AA

Денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за приведувањето на Ангел Сарамаков кој беше негов телехранител, против кого Обвинителството отвори истражна постапка, поради сомнение дека од користољубие сторил кривично дело „оддавање службена тајна“ вели криминалното однесување ќе се санкционира, па дури и да се најблиските околу мене.

-Морате да признаете дека тоа никогаш не било случај во минатото се сеќаваме за многу такви јунаци, коишто беа во близина на претседателите на Влада, коишто палеа и жареа низ Македонија и беа страв и трепет. Јавна тајна беше дека тие се оние коишто во сенка ги вршеа нечистите работи за тогашните претседатели на Влада, не треба да ги споменувам имињата, јавноста ги знае. Јас само како човек сакам да испратам порака до граѓаните дека кој и да е јас во една прилика кажав и брат и сестра да ми е, и Свети ВМРО да е, доколку ја изневери довербата на граѓаните, ја наштети честа и на ВМРО-ДПМНЕ на политичката партија од којашто доаѓам јас, а пред се на Владата и државата ќе биде најжестоко и најостро санкциониран, кој и да е, изјави Мицкоски.

Обвинителство вчера отвори истражна постапка против самостоен инспектор, припадник на Единицата за лично обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски, осомничен дека од користољубие сторил кривично дело „оддавање службена тајна“. Тој се сомничи дека сторил достапни службени документи што претставуваат службена тајна, со цел да прибави паричен износ од 50.000 евра од лицето за кое се однесувале документите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44909
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW, граѓаните ги добиваат првите е-услуги

07/08/2026

Идниот национален дата-центар нема да биде гигантски комерцијален објект, туку компактен и ефикасен систем со инсталирана моќност под еден мегават,

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026

При гаснење на пожар во струшкото село Долна Белица, огнот зафатил и сериозно оштетил противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со температури до 40°C

07/08/2026

Територијата на целата држава утре (8 август 2026 година) ќе биде зафатена од висок температурен бран. Времето ќе биде сончево

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy