Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: За администрирање на унгарскиот заем ќе платиме само 70.000 евра
Економија

Мицкоски: За администрирање на унгарскиот заем ќе платиме само 70.000 евра

11/09/2024

AA

премиерот Христијан Мицкоски денеска на новинарско прашање рече дека за унгарскиот заем од 500 милиони евра ќе се потрошат само 70.000 евра за фирмата која правно ќе го администрира задолжувањето.

Законот со кој Македонија ќе се задолжи од Унгарија 500 милиони евра влезе во Собрание по скратена постапка.  Утре се очекува да се гласа потребата од донесување на законот, по што ќе следат матичните комисии за финасирање и буџет и законодавно правната комисија. Македонија ќе се задолжи од унгарската експорт Импорт банка, а според текстот на законот ќе треба да плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од унгарската банка. Провизијата ќе се плати пред повлекување на првите пари од Ексим банката. 

– Од овие половина милијарда кои ќе ги земеме како кредит од Унгарија, трошоците кои ќе ги платиме за правни услуги ќе не чинат 70.000 евра, објави денеска премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Тој додаде дека тие 70.000 евра се најнискиот трошок што сме го платиле за правни услуги и дека тоа е вообичаена процедура. 

Парите од кредитната линија се обезбедуваат со камата од 3,25 отсто, 15 години отплата и 3 години грејс-период. Владата најави дека 250 милиони евра ќе бидат наменети за финансиска поддршка на домашните компании, а 250 милиони за инфраструктурни проекти за општините.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Штип бара помош од соседните противпожарни единици за пожарот!

10/06/2026
Македонија

Јорданов: Приоритет е заштита на имотите на граѓаните – доброволците

10/06/2026
Македонија

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди одлуките на ИК за нови

10/06/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова по средбата со Јотова: Уставните измени не се единствениот

10/06/2026
Македонија

Избрани нови претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ

10/06/2026
Македонија

Нестабилно време: Пороен дожд, грмежи и локална нестабилност во неколку

10/06/2026
Македонија

Д-р Дохчев: Органодарителството е најголема вредност за човештвото

10/06/2026
Македонија

Општина Тетово алармира: Лажно известување циркулира меѓу граѓаните кај булеварот

10/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43699
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Штип бара помош од соседните противпожарни единици за пожарот!

10/06/2026

По барање на Општина Штип, побарана е помош од соседните противпожарни единици, а екипи од ТППЕ Кочани и ТППЕ Свети

Јорданов: Приоритет е заштита на имотите на граѓаните – доброволците се мобилизирале за само 10

10/06/2026

Големиот пожар кој избувна над Штип и се движеше во правец на централното градско подрачје е ставен под контрола. Брзата

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди одлуките на ИК за нови претседатели на комитети и донесе

10/06/2026

На вечерашната седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ беа потврдени одлуките за новите претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, дополнително беа усвоени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy