Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Време е за ресет на системот, судиите мора да судат според законот, а не според партиски влијанија!
Македонија

Мицкоски: Време е за ресет на системот, судиите мора да судат според законот, а не според партиски влијанија!

09/10/2025

AA

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во општина Илинден, во рамки на изборната кампања 2025 година, за претстојните локални избори, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“. Мицкоски зборуваше на темата за судството во земјата при што посочи дека време е да се изгради држава на правда, слобода и грижа за секого, затоа што слободата не е само дел од Уставот туку начин на живот. Тој кажа дека системот кој СДСМ го создаде, со вградени кочници во институциите, го кочат напредокот.

,,Моментот што го чекале генерации е пред нас и затоа велиме дека сега е времето  за ресет на системот. Време е да ги скршиме ланците на неправдата и конечно да изградиме држава на правда, слобода и држава која што ќе се грижи за секого. Судството мора да биде непристрасно и непокорливо, судии кои судат според закон, а не според партиски влијанија, институции кои штитат, а не молчат, процедури кои враќаат доверба, а не создаваат сомнеж. Правдата не смее да биде привилегија на малкумина, туку право на секој граѓанин, брза, достапна и ефикасна“, вели Мицкоски.

Мицкоски истакна дека СДСМ ја претвори државата во партиски бизнис и систем кој ги гуши институциите, систем на двојни аршини, а додаде и дека истото мора да заврши.

,,Слободата не е само збор во Уставот, туку начин на живот, слобода на мислење, слобода на говор, слобода од страв и притисок. СДСМ ја претвори државата во свој приватен имот, партиски, бизнис и мафијашки систем кој ги гуши институциите, ја кочи правдата и го понижува народот“, рече Мицкоски и додаде:

,,Систем на двојни аршини, политички прогон и тендери во мрак. Не можеме да го чекаме утрото додека ситни и големи кочници ја гушат државата, кочници вградени во институциите, кои делуваат тајно или откриено и го кочат напредокот на секое едно семејство. На сите нивоа постојат елементи на една длабока држава, мрежи што се шират низ партии, институции, па дури и низ различни етнички заедници. Тоа мора да заврши“.

Мицкоски кажа дека ресетот на системот нема да е политички, туку институционален, и мора да има правда и одговорност.

,,Овој ресет нема да биде само политички. Тој ќе биде морален, институционален и народен. Ќе има правда и таа ќе биде брза. Ќе има одговорност и таа ќе биде вистинска одговорност. Овој ресет ќе биде праведен, но безмилосен кон оние што го злоупотребувале народот. Ќе ја вратиме одговорноста, достоинството и она што ни е важно е да имаме систем на кој што сите ние гордо ќе му служиме. Затоа драги браќа и сестри, на овие избори не бирате само градоначалник туку и давате енергија за големи промени по изборите“, заклучи Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy