
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја закопа длабоката држава која 30 години ја гуши државата
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку својот X профил порача дека изминатите четири години биле посветени на секој еден граѓанин и на исполнување на ветената програма.
„Покажавме дека четири години работиме за секој човек, и дека програмата која ја ветивме во најголем дел ја остваривме. Покажавте срце и енергија за вашите општини, со секоја промена која ја направивте. Ги вративте вашите општини на вистинскиот пат – патот на промените, инвестициите, на градењето паркови, улици, градинки и училишта“, напиша Мицкоски.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ претставува гаранција дека „народот ќе ја врати иднината во свои раце“, ќе воспостави правда и ред, и ќе стави крај на „длабоката држава која три децении ја гуши Македонија“.