
Мицкоски: Сузбивањето на сивата економија е клуч за повисоки плати и подобри услуги
Премиерот Христијан Мицкоски на конференцијата за формализација на неформалната економија порача дека приоритет на Владата остануваат стабилните јавни финансии и заштитата на животниот стандард.
Тој истакна дека борбата против сивата економија не е еднократна кампања, туку системски процес за воспоставување ред на пазарот и спречување на нелојалната конкуренција.
Според Мицкоски, секој денар изгубен во неформалниот сектор е изгубена можност за посовремени училишта, подобро здравство и повисоки пензии.
Целта на економските политики е да се создаде амбиент во кој легалното работење ќе биде поедноставно и поисплатливо, додека кон оние кои профитираат од кризи и избегнуваат обврски, државата ќе применува строги и праведни контроли.
