Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Споени избори се решение за да се избегне уставна криза
Македонија

Мицкоски: Споени избори се решение за да се избегне уставна криза

19/10/2023

AA

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски апелира до владејачката коалиција поскоро да се организираат разговори и работни групи кои ќе ги договорат термините за избори. Според него, роковите течат и има опасност од влегување во уставна криза.

Тој одговарајќи на новинарско прашање до каде е процесот за формирање на работни групи кои ќе ги утврдат датумите за избори, напомена дека ВМРО – ДПМНЕ се залага за спојување на термините за гласање на претседател и за членови на парламентот.

– Ценам дека власта треба час поскоро да се охрабри и да формираат работна група и да ги дефинираме роковите, бидејќи времето нè гази и ќе навлеземе во проблематичен период. Ако изборите бидат на 8. мај ние за помалку од сто дена веќе треба да имаме техничка влада. Ова е одлична можност и владата барем да застане на страната разумот, наместо на сила да турка процеси. Но, како и да е, ние мораме да седнеме и да разговараме за овие процеси и тие да почнат и да завршат. Не газат рокови и влегуваме во уставна и законска криза, рече Мицкоски.

Тој го повтори ставот дека е нерационално да се трошат ресурсите на граѓаните и да се организираат одвоени избори во временска разлика од триесет до шеесет денови.

– Тоа било расипнички ако некој од нас поддржи таква идеја. Јас апелирам на разум во владата. Еве, 8 мај, ден среда и претходно се гласало во среда 2020 година и тоа било случај. Тоа е датум кога вториот круг на претседателските избори ќе биде во ист ден со парламентарните. Има доволно време од 72 часа за жалби и приговори доколку постојат. Така ќе се фати рокот и на 12 мај да биде инаугуриран новиот претседател, рече Мицкоски.

Тој се осврна и на проблемот со испразнетото место во Државната изборна комисија која, како што рече, во моментов не е комплетна.

– Според законот треба да има седум членови. Сега има шест, два на опозицијата и четири на власта. Законот е јасен треба три на опозицијата и четири од власта. Едното место е испразнето откако член на комисијата стана министер. На тоа место треба да има претставник од легитимната опозиција, а со тоа и во општинските комисии и избирачки одбори, рече тој.

Мицкоски потврди дека нема комуникација со владејачката коалиција, освен онаа, како што ја нарече колоквијална, што се одвива во Собранието.

Мицкоски ја обвини Владата дека за шест години го зголемила долгот за речиси 2,5 милијарди евра и изрази сомнеж дека на тој начин е направен политички грабеж за да, како што рече, имаат повеќе пари за наместени тендери.

– Долгот галопира дојде до 8,3 милијарди евра што претставува практично околу 58 проценти од БДП, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Зелениково, која е во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Мицкоски направи споредба со земјите од регионот и напомена дека Србија сега е зад Македонија со 53,5 проценти и Косово со 20 проценти. Така што политиките на Владата, додаде Мицкоски, се поразени тие капитулираа.

– Капитулираа и на друг план инфлацијата е некаде околу 8,4 проценти, а во еврозоната е 4,3 проценти речиси двојно помала. Што значи тезата дека е увезена не држи. Повторно е уште една лага на власта“, укажа Мицкоски.

Мицкоски објасни зошто сето ова се случувало во изминатите години владеење на СДСМ и ДУИ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 НЕСОВЕСНОСТА КРАЈ НЕМА! Исфрлија душеци во Националниот Парк „Галичица“

12/10/2026
Македонија

ПРЕКИНАТА БЛОКАДАТА НА ДЕПОНИЈАТА „КРАСТА“ Продолжува собирањето на сметот во

12/10/2026
Македонија

МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ СУДСКИТЕ ОДЛУКИ Министерството за правда за

12/10/2026
Македонија

НА ИВА МИХАИЛОВА Ѝ БИЛЕ ОДЗЕМЕНИ И ДВАТА ПАСОШИ!? Станува

12/10/2026
Македонија

ИЛИЈАНА ЈОТОВА УПОРНО „БАРА ПРИЕМ“ КАЈ ИВА МИХАЈЛОВА, АМА НЕМА

12/10/2026
Македонија

РАСТОТ НА БДП И НИСКАТА ИНФЛАЦИЈА НЀ ВБРОЈУВААТ ВО НАЈУСПЕШНИТЕ

12/10/2026
Македонија

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ БУКОЈЧАНИ – КИЧЕВО Се гради клучната

12/10/2026
Македонија

БЕГСТВОТО НА МИХАИЛОВА ИСПРАЌА СЕРИОЗНО ПОГРЕШНА ПОРАКА! МНР ќе ги

12/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46124
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 НЕСОВЕСНОСТА КРАЈ НЕМА! Исфрлија душеци во Националниот Парк „Галичица“

12/10/2026

Несовесни граѓани исфрлија кабаст отпад среде шума во Националниот парк Галичица, објави порталот Охрид1, кој добил фотографии од читатели. На

ПРЕКИНАТА БЛОКАДАТА НА ДЕПОНИЈАТА „КРАСТА“ Продолжува собирањето на сметот во Куманово

12/10/2026

Санирањето на депонијата ќе продолжи и во наредниот период, со цел Општина Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“ да спречат

МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ СУДСКИТЕ ОДЛУКИ Министерството за правда за случајот со Ива Михаилова

12/10/2026

Министерството за правда изразува загриженост во врска со случајот со Ива Михаилова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy