Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски со јасно барање до новиот државен јавен обвинител: Прво да се извадат сите предмети од фиоките
Македонија

Мицкоски со јасно барање до новиот државен јавен обвинител: Прво да се извадат сите предмети од фиоките

04/02/2026

AA

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги соопшти своите очекувања од новиот државен јавен обвинител, порачувајќи дека клучниот приоритет мора да биде расчистување со селективната правда и нерешените предмети кои со години стојат во застој.

Премиерот беше дециден дека првиот чекор на новиот обвинител треба да биде ревизија на сите документи и случаи кои досега биле намерно чувани во тајност или не биле процесирани.

„Прво што треба да направи е сите оние документи и случаи коишто се држеа во фиока да ги извади и да ги истражи. Таму каде што нема дело и докази да ги затвори, а таму каде што има дело и докази — да оформи случај и да го предаде до судот“, изјави Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека улогата на јавниот обвинител е да биде филтер низ кој ќе поминуваат само аргументирани случаи, оставајќи му на судот да ја донесе финалната одлука за отпочнување на судските постапки. Според него, јавноста очекува институцијата да престане да биде инструмент за кочење на правдата.

„Очекувам да биде заштитник на правото, да биде генератор на правдина и тоа е она што го очекувам од новиот јавен државен обвинител“, заклучи премиерот.

Со оваа изјава, Мицкоски упати директна порака дека извршната власт очекува енергична борба против криминалот и корупцијата, каде професионализмот ќе биде единствениот критериум за работата на Обвинителството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
Македонија

Автомобил удрил во електричен тротинет во Сарај, повредено 9-годишно дете

29/07/2026
Македонија

Санџак Курт е нов генерален директор на Лимак Скопје

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44748
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026

Владата на Република Северна Македонија го именуваше Арбен Фетаи за специјален пратеник за Европската Унија со седиште во Брисел. Информацијата

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026

Новата фаза од третманот против возрасни комарци во Скопје ќе се реализира утре и задутре со авионска дезинсекција, соопштија од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy