Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хаос и блокади низ Македонија, револт поради одземањето возила – Мицкоски најави жесток одговор на „дивеењето“
Македонија

Хаос и блокади низ Македонија, револт поради одземањето возила – Мицкоски најави жесток одговор на „дивеењето“

04/02/2026

AA

Бран протести и сообраќајни блокади ја зафатија земјава изминативе 24 часа. Револтот на група граѓани е насочен против новиот систем на МВР, „Безбеден град“, и засилените контроли кои резултираа со високи парични казни и одземање на возила.

Ситуацијата на терен ескалираше со палење гуми, закани за убиства и нарушување на јавниот ред и мир.

Најкритично беше во Струмица, каде транзитниот пат кај Ромското маало беше под целосна блокада. Учесниците во протестот, кои во живо се снимаа на социјалните мрежи, не го криеја својот гнев кон полицијата. Дел од снимките содржат и застрашувачки пораки упатени до органите на редот.

„Од полицијата немаме против. Некој ако ми земе возило, да знаете, ќе има и тепачки и убиства“, порача еден од учесниците.

Слични сцени беа регистрирани и во Штип, каде мораше да интервенира и територијалната противпожарна единица за да ги изгасне пламените јазици на блокираните улици, како и во Кочани.

По синоќешните инциденти, денеска со остра реакција се јави премиерот Христијан Мицкоски. Тој информираше дека веќе остварил разговор со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од кога побарал бескомпромисно спроведување на законот.

„Она кое што го побарав од него е оној што го прекршил законот, упатувал закани, јавно упатил закани и го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните – жестоко да се одговори. И ќе биде одговорено жестоко за да не се повтори она дивеење од синоќа“, дециден е премиерот Мицкоски.

Протестите доаѓаат во период кога МВР започна со помасовно санкционирање на сообраќајните прекршоци преку системот за видео-надзор „Безбеден град“. Додека властите тврдат дека целта е поголема безбедност на патиштата и ставање крај на неказнивоста, дел од граѓаните сметаат дека мерките за одземање возила се престроги и удар врз нивниот егзистенцијален опстанок.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
Македонија

Автомобил удрил во електричен тротинет во Сарај, повредено 9-годишно дете

29/07/2026
Македонија

Санџак Курт е нов генерален директор на Лимак Скопје

29/07/2026
Македонија

Аларм во Охрид: Водата во Елшани и Велестово небезбедна за

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44747
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026

Владата на Република Северна Македонија го именуваше Арбен Фетаи за специјален пратеник за Европската Унија со седиште во Брисел. Информацијата

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026

Новата фаза од третманот против возрасни комарци во Скопје ќе се реализира утре и задутре со авионска дезинсекција, соопштија од

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026

Собранието денеска ја избра Мери Дика Георгиевска за нов судија на Уставниот суд, откако предлогот во собраниската сала доби поддршка

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy