Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Платите во администрацијата ќе пораснат за 40% во следните две години
Македонија

Мицкоски: Платите во администрацијата ќе пораснат за 40% во следните две години

05/02/2026

AA

Премиерот Христијан Мицкоски во своето гостување на МРТВ информираше за текот на преговорите со репрезентативните синдикати во врска со покачувањето на платите во јавниот сектор. По денешниот состанок со УПОЗ, премиерот ја образложи понудата на Владата која треба да обезбеди континуиран раст на примањата на административните службеници.

Понудата предвидува етапно зголемување на платите, кое ќе започне со исплатата во април (за мартовската плата) оваа година. Моделот вклучува 8% зголемување на збирот од сегашната плата, претходно нивелирана со минималната плата. Истиот модел би се реплицирал и во 2027 и во 2028 година.

„За отприлика две години и три месеци од денеска, административните службеници кои не добиле зголемување во минатото, ќе имаат минимално 40% поголема плата споредено со денешното ниво“, истакна Мицкоски.

Премиерот појасни дека синдикатите моментално се консултираат со своите раководства за понудените услови. Доколку се постигне согласност во текот на наредните два дена, во недела би требало да се финализира договорот.

Од понеделник би започнала подготовката на примероците за индивидуалните синдикални договори по работни единици, со што ќе се отвори патот за реализација на ветеното покачување. Мицкоски нагласи дека Владата води инклузивен дијалог со двата репрезентативни синдикати (ССМ и КСС) за да се осигураат правата на сите работници во администрацијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy