
Мицкоски: Паричката од бадниковата погача падна кај мојот син Антониј
Премиерот Христијан Мицкоски сподели радосна вест по повод Бадник, откривајќи дека семејната традиција оваа година донела особено убаво изненадување за неговото семејство.
„Оваа година, за Бадник кај моите родители, семејната топлина и радост беа дополнети со едно мало, но значајно изненадување – паричката од бадниковата погача падна кај мојот син Антониј!“
Со оваа објава, Мицкоски ја сподели радоста од празничниот момент, додавајќи искрени желби за сите граѓани.
„Со искрена радост и надеж дека и вас ве следи среќа во новата година, ви посакуваме убави празнични моменти, мир во срцата и многу љубов во вашите домови,“ порача тој.
Мицкоски ги заврши своите честитки со традиционалното „Среќни празници и Христос се роди!“
