Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски од Лондон порача: Иднината на државата е во рамките на ЕУ
Македонија

Мицкоски од Лондон порача: Иднината на државата е во рамките на ЕУ

22/10/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Лондон истакна дека иднината на државата е во рамките на ЕУ.

„Генерално имавме многу плоден ден, тука во Лондон, со многу состаноци коишто опфатија неколку различни теми, тоа се економија, безбедност и процесот на интегрирање на Македонија во рамките на ЕУ, што генерално беа и теми коишто беа опфатени и на Самитот на Берлинскиот процес.

Тука беше додадена уште една тема, а тоа беше нелегална миграција. Морам да кажам дека денот беше инспиративен, го започнав со средба со министерот на Франција за Европа, господинот Бенжамин Хадад, којшто е исклучително близок на претседателот Макрон, на којшто ги кажавме нашите позиции, односно позициите коишто цело време ги повторуваме, дека мора да има испорака во дел на гаранции од страна на самата ЕУ, мора да има испорака од нашиот источен сосед во делот на почитување на меѓународното право, почитување на европските институции како што е Судот за човекови права, интегрирање на македонската заедница во рамки на Министерскиот совет за малцинства кај нашиот источен сосед итн.

Тоа не се дополнителни услови, туку тоа значи партнерство, тоа значи добрососедски односи помеѓу двете земји.

Во делот на безбедноста, тука го потенциравме фактот за енергетската безбедност, развојот на гасните интерконектори, овој што во моментот го градиме со нашиот јужен сосед со Грција и тој којшто планираме многу скоро да го отпочнеме да го градиме со нашиот северен сосед, а тоа е Србија. Потоа коридорите, континуирано ги споменуваме коридорите 10 и 8, коишто се за нас како држава многу важни, но и за Европа се многу важни, посебно за јужното крило на НАТО, бидејќи ги поврзуваат Јонското и Јадранското море со Црното море, тоа е коридорот 8, и коридорот 10 коишто ги поврзува практично Медитеранот, овој дел на Медитеранот со Егејското море, со Централна Европа.

Во делот на нелегалната миграција, нашиот став е апсолутно јасен дека ние практично ја браниме Европа од Европа, бидејќи кај нас мигрантите реално од земји членки на ЕУ нелегално влегуваат. Ја изнесов оваа идеја и пред премиерот Стармер, за време на билатералната средба, дека би биле добредојдени британски експерти, британска експертиза, па дури и полициски офицери, припадници на Армијата на Британија, да заедно со нашите припадници ја штитиме нашата јужно-источна граница од нелегалната миграција и на тој начин да ја штитиме и Европа, ја презентирав нашата отворена покана.

Така што би кажал навистина плоден ден до овој момент во Лондон. И да не ја заборавиме онаа процедура на потпишување на меморандумот на разбирање со американско-британскиот конзорциум којшто ќе инвестира во фабрика за производство, а е дел од наменската индустрија. Околу 150 милиони долари и каде што неколку стотици би рекол, до илјада луѓе ќе се вработат, но тоа е само почеток, планот е да стигнеме до бројка од една милијарда.

Јас многупати кажувам дека мора да победуваме дома и тука немам никаква дилема, дека домашната задача е најважна, но мора да победуваме и во Лондон и во Брисел и во Париз и во Берлин и во Рим и во Вашингтон и во другите главни градови на земји-членки и на ЕУ, но и на влијателни држави во светот.

Ќе се бориме за да ги браниме националните интереси и интересите на Македонија, генерално и на граѓаните. Иднината на државата е во рамките на ЕУ, тоа е една од нашите последни стратешки цели.

Ние ќе сториме се што е во наша моќ да ја исполниме оваа стратешка цел, но истовремено да ги заштитиме македонските интереси.

Нормално дека пораката од нивна страна е дека местото на нашата земја е во рамките на ЕУ, како и генерално на целиот регион на Западен Балкан. Прилично инспиративна и конкретна дискусија имаше германскиот канцелар господинот Мерц, којшто јасно кажа како го гледа регионот, нормално тоа е затворен состанок и сега не би сакал јас да ги зборувам деталите, но многу јасна насока даде, како го гледа регионот и кои се плановите за иднината на регионот поврзани со интеграцијата во рамките на ЕУ.

Исто така и дел од другите премиери и претседатели на земји членки на ЕУ имаа јасна порака и јасен начин како го гледаат регионот во иднина.

Така што јас останувам оптимист, но важно е да ја испорачаме домашната задача, тоа се реформите и тоа ќе го правиме во периодот којшто следува, очекувам прогрес и во делот на откочување на проблемот којшто го имаме во овој момент, но ајде да видиме, рековме наша цел е да го заштитиме нашето национално достоинство, нашиот идентитет и нашите национални интереси.

Па да навистина беше невообичаен тој настан за нас јас би рекол од Балканот но за нас голема чест да бидеме дел од настан да поразговараме за состојбите во регионот јас апсолутно кажав тоа коешто треба да го кажам а е поврзано со нашата Македонија, тој кажа свои искуства од Македонија кога бил тука нормално тогаш во друго својство како принц не како крал така што генерално главниот политички врв на Велика Британија беше таму разговаравме и со министерката за надворешни работи разговаравме и со други високи официјални лица, така што навистина ја оценувам исклучително успешна оваа средба, односно овој престој којшто го имав во Лондон. Утре се гледаме во Скопје во Македонија продолжуваме со активностите за вториот круг на локалните избори исто така утре го прославуваме големиот празник 23 октомври денот на ВМРО така што однапред го честитам на сите граѓани.

Тоа би била муниција и би рекол оружје коешто би било наменето за пазарот во светот но генерално ќе биде НАТО стандардизирано, така што корисници претпоставувам би биле најголемиот дел НАТО земји членки очекувам веќе следната година да се забрза овој процес и ако одиме според планот би требало таму некаде 27,28 година да почнеме да произведувам“, вели Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Славески: До 80% од идните пензионери нема да акумулираат доволно

26/06/2026
Македонија

Километарски колони и хаос на Плетвар: Тешка несреќа, се преврте

26/06/2026
Македонија

Мисајловски најави повисоки плати во Армијата и нов колективен договор

26/06/2026
Македонија

Превртен камион на патниот правец Прилеп–Градско

26/06/2026
Македонија

Во Градскиот базен во Тетово воведени термини само за жени

26/06/2026
Македонија

Исчезна Божа од скопско Орешани, последен пат видена кај Драчево!

26/06/2026
Македонија

7 пожари низ Македонија, 2 уште активни!

26/06/2026
Македонија

ДИГУ ќе руши бесправен објект во старото јадро на Охрид

26/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Славески: До 80% од идните пензионери нема да акумулираат доволно пари за минимална пензија

26/06/2026

Пензиите на 70 до 80 отсто од осигурениците во вториот пензиски столб би можеле да бидат пресметани под законски утврдениот

Километарски колони и хаос на Плетвар: Тешка несреќа, се преврте камион!

26/06/2026

Тешка сообраќајна несреќа попладнево предизвика тотален сообраќаен колапс на патниот правец Прилеп-Градско, во близина на приклучувањето за селото Ореовец на

Мисајловски најави повисоки плати во Армијата и нов колективен договор од понеделник

26/06/2026

Министерството за одбрана од понеделник ги започнува преговорите со синдикатите за нов колективен договор, кој предвидува зголемување на платите и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy