Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Незнаење или манипулација е тврдењето на власта за влезот на Бугарите во Уставот
Македонија

Мицкоски: Незнаење или манипулација е тврдењето на власта за влезот на Бугарите во Уставот

31/03/2023

AA

Тврдењата на власта дека со влез на Бугарите во Устав се прави дистинкција со Македонците или се резултат на незнаење или на свесно манипулирање, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања на отворањето на политичката академија во организација на Партискиот истражувачки и аналитички центар „Љубиша Георгиевски“ со поддршка на меѓународни институции како Фондацијата Конрад Аденауер.

Тоа, како што вели Мицкоски, „е една многу погрешна констатација која што изминатиот период ја зборуваше прво Али Ахмети, потоа дел од министрите кои што доаѓаат од ДУИ, а сега почнуваат да го зборуваат и Ковачевски, Маричиќ и останатите од СДСМ“.
Мицкоски посочи дека ги разбира преставниците на власта затоа што тие изгледа дека многу не другарувале со книгите, па не ги разбираат работите и поради тоа се обидуваат, нешто кое што го слушнале, недослушнале да го прераскажуваат.

-Ниту авторот на живковизмот немал проблем со современата македонска нација. Ниту тој имал проблем, ниту пак сега и неговите следбеници во Бугарија, а еден од нив е претседателот Радев. Тие немаат проблем со македонската нација која е резултат на формирањето на современата македонска држава како резултат на одржаните собранија на АСНОМ и АВТОЈ и така натаму. Тие имаат проблем со македонскиот народ претходно, значи пред да се формира македонската држава и македонската нација, тоа е проблемот. Тие велат дека македонскиот народ е всушност бугарски народ и тоа е суштината. Никој од нив нема проблем кога вели, видете современата македонска нација е резултат на заседанијата на АСНОМ и на АВНОЈ, антифашистичката борба и формирањето на македонската држава, тоа треба секој да го знае. Тука нема никој проблем, туку што се случувало претходно. Тие велат, да тогаш се формираани тие ентитети, но претходно таму постоеле Бугари и живееле Бугари, тоа е суштината, рече Мицкоски.

Ваков тип на тврдења, според него, се резултат или на непознавање или на свесно манипилирање.

Во однос на македонскиот јазик, Мицкоски посочи дека тој е службен јазик на ОН уште од 1945 годи и е кодифициран на Атинската конвенција во 1977 година, додека пак службен јазик на Европска Унија ќе стане кога Македонија ќе биде полноправна членка што не се знае кога ќе се случи и заради што ВМРО-ДПМНЕ бара гаранции.

-Што се однесува до јазикот, тоа е многу важно да се каже, бидејќи често пати се експлоатира тезата во јавност за договорот со ФРОНТЕКС. И тоа е уште една небулоза и уште една лага и манипулација. Македонскиот јазик е дел од официјалните јазици на обединетите нации уште од 1945 година, кога поранешната федерација станува членка на Обединетите Нации, а со тоа трите тогаш официјални јазици на поранешната федерација, српско-хрватски, словенечки и македонски стануваат официјални јазици на Обединетите Нации. Кодифициран е 77-мата година за време на атинската конференција 1977 година, а ќе стане официјален јазик на Европската Унија тогаш кога Македонија ќе стане членка на Европската Унија. А кога ќе стане Македонија членка на Европската Унија, гледате дека немаме гаранции. Тоа е она кое што ВМРО-ДПМНЕ го бара, гаранции. Еден од трите столба е тоа што ВМРО-ДПМНЕ го бара, а тоа се гаранции, истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ зборувајќи за заканите упатени кон него и неговото семејство, рече ќе продолжи да се движи слободно бидејќи не се чувствува дека на некој нешто му погрешил за да биде исплашен.

-Навикнат сум на таков тип на закани петта година по ред и не е тоа нешто ново да мене ми се случува и на моето семејство, и тие се навикнуваат веќе на ваквите закани. Тоа е амбиентот во кој живееме во Македонија. Секоја недела по некое ново убиство, се закануваат на политичари луѓе кои не им е прв пат тоа знаете има и такви кои многу пати досега се заканувале, изјави Мицкоски.

Тој рече дека не пријавил во полиција и нема намера да пријавува. – Сум кажал многу пати во минатото дека јас сум единствен претседател на партија кој од државата нема обезбедување и покрај тоа што има загрозена безбедност, но сега нема да го прифатам и да ми го даде Спасовски или Зарко од агенцијата за национална безбедност, рече Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајден починат маж во стан во Охрид

02/05/2026
Македонија

(НЕ)БЕЗБЕДНО ДЕТСТВО: 604 деца биле жртви на сексуална злоупотреба, најмалите

02/05/2026
Македонија

„ИМА РАБОТНИЦИ, НО НЕМА РОБОВИ“: Пешевски ги разобличи лагите за

02/05/2026
Македонија

МОДЕРНО РОПСТВО: Спиење во смени и „автопати натопени со крв“

02/05/2026
Македонија

ГРАДИЛИШТАТА КАКО РУСКИ РУЛЕТ: Зошто македонскиот работник е „невидлив“ за

02/05/2026
Македонија

Македонија на „резерва“ – Зошто веруваме дека несреќите им се

02/05/2026
Македонија

Крај на ерата „ако не сакаш ти, има друг“ –

02/05/2026
Македонија

АНБ: Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во

01/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43018
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајден починат маж во стан во Охрид

02/05/2026

На 01.05.2026 во 17:50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во стан во Охрид, починат бил П.С.(76) од Ресен.

(НЕ)БЕЗБЕДНО ДЕТСТВО: 604 деца биле жртви на сексуална злоупотреба, најмалите се под 3 годишна возраст!

02/05/2026

Додека викендов парковите се полни со детска смеа, во македонските институционални лавиринти „заглавени“ се судбините на над 600 деца чие

„ИМА РАБОТНИЦИ, НО НЕМА РОБОВИ“: Пешевски ги разобличи лагите за недостигот на кадар

02/05/2026

Во продолжение на дебатата во „Ноќно студио“ на 4TV, претседателот на Синдикатот за градежништво, Иван Пешевски, упати директен одговор до

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy