Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: На коридорите нема ни шајка заковано, а до 6 мај треба да платиме над 230 милиони евра
Македонија

Мицкоски: На коридорите нема ни шајка заковано, а до 6 мај треба да платиме над 230 милиони евра

29/04/2023

AA

Граѓаните платија 117 милиони евра за нешто што не се гледа за новите автопапатишта каде не е ниту шајка заковано и до 6 мај треба да платиме над 230 милиони евра, а тука во Василево гледаме дека се што се испорачува во секоја област граѓаните можат да го видат и користат, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешниот увид во реализацијата на проектите во Општина Василево.

Според него, до 30 април државата треба да плати само за пенали околу 230 милиони евра, а веќе се исплатени 117 милиони евра.

– Според договорот е предвидено 117 милиони евра да се платат за подготвителни работи и подготовка на градилишта, тоа се уште тече, претпоставувам, и се предвидени да се платат во два наврати: 83 милиони е предвидено да бидат исплатени две недели откако е потпишан договорот и дополнителни 30 милиони евра, 45 дена откако е потпишан договорот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Василево одговарајќи на новинарско прашање, при што потенцираше дека сумата наскоро ќе надмине 230 милиони евра, а нема ни шајка да има на коридорите.

Мицкоски посочи дека вториот дел е пеналите кои треба да се платат поради тоа што не е променет Законот за работни односи во рок од 45 дена од потпишување на Договорот, а тој датум заврши на 22 април.

-Таа сума која треба да се плати е минимум 53 милиони евра. Тие треба да се платат во рок од две недели откако ќе изминат тие 45 дена предвидени да се смени Законот за работни односи и да се продолжи работната недела од 40 на 60 работни часа, а тој ден истекува на 6 мај. Од информации со кои располагаме има натегање помеѓу Владата и фирмата изведувач околу банкарската гаранција кога ќе се договорат да бидат исплатени дополнителни 50 милиони евра по основ на авансно плаќање предвидено во тој договор. Таа бројка за недела дена ќе биде огромна, повеќе од 220-230 милиони евра, а се уште од проектот нема ни шајка некој заковано, рече Мицкоски.

При денешната посета на општина Василево, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на најновите статистики на Еуростат за енергетика истакна дека бројките што се објавени се немилосрдни и за жал граѓаните во Македонија незнаењето на власта го плаќаат многу скапо, односно граѓаните плаќаат една од трите или четири најскапи цени на електрична енергија кои што ги има во Европа и покрај тоа што нашиот стандард е на дното помеѓу трите најсиромашни држави во Европа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy