
Мицкоски: Меџити ќе остане на функција!
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговори на прашањата поврзани со најавата на вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, дека ќе се кандидира на претстојните локални избори.
„Секој министер има и заменик-министер. Тие не поднесуваат оставка. Нормално е дека ќе ги извршуваат своите обврски во рамки на ресорите каде што се министри и истовремено ќе бидат кандидати“, истакна Мицкоски.
Мицкоски додава дека ова не е првпат функционери да се кандидираат додека се на јавна функција.
Најавата на Меџити предизвика внимание во јавноста, но од Владата порачуваат дека изборниот процес нема да влијае врз редовното работење на ресорот за животна средина.